(ФОТОГАЛЕРИЈА) Во Струмица со биење на камбаните се означи Воскресението Христово

Православните христијани од целиот свет го слават Христовото Воскресение, ден кој што е еден од најголемите христијански празници.

Илјадници граѓани, гости и туристи синоќа во сите цркви во Струмица дојдоа да ги слушнат звуците на камбаните кои на полноќ го означија Христовото Вокресение – Велигден.

Така беше и во сите православни храмови во Струмица, каде што река од православни верници, го дочекаа Христовото Воскресение и со запалени свеќи во рацете, со молитви за здравје и благосостојба, со кршење на велигденските јајца и секако со поздравот Христос Воскресе, Навистина Воскресе.

 

За многу години нека ни е празникот! Христос Воскресе, Навистина Воскресе!

маркетинг


Select
Ознаки: , ,