Велигденска честитка од градоначалникот на општина Василево

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов по повод Велигденските празници упати честитка до своите сограѓани, верници од православна и католичка вероисповед.

Почитувани сограѓани, верници од православна и католичка вероисповед, драги Христијани!

Во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден – Воскресение Христово, од мое лично име и од име на општина Василево Ви посакувам здравје, благосостојба и спокој во Вашите домови.

Христовото воскресение – Велигден е најголемиот христијански празник. Тоа е празник кој ја слави победата на животот над смртта, празник на надежта, празник на радоста, празник на вербата во Божјата љубов и моќ.

Ве повикувам, во духот на Христијанството, со верба во срцата, разбирање и почит кон другиот, заемно помагање и жртвување за општото добро, да градиме заедница на среќна и задоволни граѓани. Предизвиците пред кои секојдневно сме исправени нека  не направат помудри, похрабри и поистрајни во наоѓањето на вистинските решенија.  Божјата сила нека не води по патеките на разумот и да ни  даде сила при носењето на одлуките кои ќе значат просперитет и благосостојаба за сите граѓани на општина Василево.

Почитувани сограѓани!

Да му се радуваме на животот. Секој нов ден нека ни биде исполнет со нови добрини кои ќе ни го осветлат патот кон вечноста.

Честит Велигден

Христос Воскресе – Навистина воскресе

маркетинг


Select
Ознаки: , ,