Велигденска честитка од градоначалникот на општина Ново Село

Почитувани сограѓани..!
Со разгорувањето на пламенот на Велигденските свеќи, во нашите домови ја носиме веста за Христовото воскресение.
Но, на празничноста на воскресението и претходат тешки денови низ кои се сеќаваме на страдањата и мачењето на нашиот спасител.
Тоа директно и најсликовито ни покажува дека колку и да е мал нечиј успех или колку и да е божествена неговата природа, бара полагање жртва која ќе не однесе таму.
Нека нашата истрајност во намерите биде одлика која ќе направи промени, а нашиот, и животот на оние околу нас го смениме на подобро и дадеме позитивен придонес во обликувањето на светот.
Господ бог толку го сакал тој свет што го дал неговиот син кој бил распнат за гревовите на неговите следбеници.
Почитувани сограѓани. Живееме во времиња кога нашата верба во Бога е ставена на тест повторно и повторно.
Во светлото на настаните во Република Македонија, овој Велигден добива повеќе значење.
Нашата земја родила синови кои направиле многу за светот. Но родила и такви што за грст сребреници се спремни да го продадат и најсветото.
Нивната омраза ќе ја излечиме со љубовта која ја имаме за нашата држава, а темнината која ја сејат врз нашата земја, ќе ја удавиме со светлината на македонското сонце.
Поради љубовта на Бога денеска велиме Христос Воскресе.
Поради љубовта на Бога ни е даден подарокот на нашето спасение.
Поради неговата љубов нашата надеж не е изместена и не е загубена.
Да вложиме заеднички труд и да ја положиме жртвата која ја бара секој предизвик, со времето кое ни е дадено да го поминеме на овој свет, да направиме нешто значајно, нешто што ќе трае и нешто по кое ќе бидеме запаметени.
Нека празниците во нашите домови внесат благосостојба и мир и заеднички и гласно да ја рашириме радосната вест
Христос воскресе – Навистина воскресе…!

маркетинг


Select
Ознаки: , ,