ЕКСКЛУЗИВНО: ОД 10 ДО 19 АВГУСТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ГОДИНАШНОТО ИЗДАНИЕ НА СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТИВАЛ!

Од 10 до 19 август, оваа година ќе се одржи познатиот Струмица Опен Фестивал по седми пат по ред. Организаторите соопштија дека повторно ќе им биде овозможено на присутните да уживаат во музиката на најдобрите македонски, светски и балкански артисти.  

„Кад си рекла да ме волиш“, „Да шутиш“, „Недостајеш“ и легендарниот ДИНО МЕРЛИН вечерва на СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТИВАЛ 2017!

Со почеток од 23:15 часот па се до 01:35 часот легендарниот ДИНО МЕРЛИН ќе го одржи својот прв концерт во Струмица во склоп на СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТИВАЛ 2017. Граѓаните на Струмица за прв пат ќе имаат можност во живо да ги чујат најголемите хитови на балканот. Да уживаме!!!

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ПЕТТИ ДЕН НА СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТИВАЛ!

Брзи, вешти и со натпреварувачки дух – 20 струмички келнери се бореа за епитетот Најдобар келнер за 2017 година. Сцената кај Чешмичката беше резервирана за исклучително талентираниот охриѓанец – Владимир Василевски – Четкар и неговиот секстет кои приредија прекрасна џез вечер.

Струмица ги избра најбрзите и највештите келнери – струмичанецот Дени Перов најбрз!

Вечерва на градското корзо, во рамки на „Струмица опен фестивал 2017“ се одржа трка на келнери, во која келнерите од регионот си ги одмеруваа вештините и брзината. Беше тоа двочасовен натпревар во кој уживаа и натпреварувачите и посетителите. Најдобар беше Дени Перов од Хепинес, второто место му припадна на Иле Василев од Концепт и трето место Трајче Николов од Кафе 19.Честитки за сите!  

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ВОЗБУДЛИВ ТРЕТ ДЕН НА СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТИВАЛ 2017

Децата ни покажаа како изгледаат работите направени со љубов. Првиот ден од летната школа за гитара, претставата Пипи долгиот чорап со учениците од основното училиште „Мануш Турновски“ од Дабиле и Јојо ѕвездичките уживаа во своите фестивалски моменти! За крај, во преполниот амфитеатар Ансамбл Тримери го докажа својот епитет – чувари на македонскиот фолклор и традиција.  

ОД ВЕЧЕРВА ЗАПОЧНУВА СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТИВАЛ!

Со шестото издание на најголемата културно-уметничка, едукативна и забавна манифестација во Струмица првпат пристигнуваат специјални нешта НАПРАВЕНИ СО ЉУБОВ. Дата: 03.08 – 13.08 Локација: Плоштад Гоце Делчев, 2400 Струмица Од традиционални настани за верните посетители, до невидени изненадувања подготвени за новите фестивалџии. За сите возрасти, за сите вкусови. Почувствувајте ја емоцијата ...