СОУ „Јане Сандански“ уште еднаш потврди дека е расадник на млади математичари

На 59-от државен натпревар по математика кој што викендот се одржа на универзитетот ФОН во Скопје учениците од средното општинско училиште „Јане Сандански“ од Струмица постигнаа одличен резултат освојувајќи вкупно 2 награди и три пофалници. Учениците од трета година Димитар Бајрактаров ја освои првата награда, а Иван Мастев третата награда и двајцата се здобија со право на учество ...

Денеска и утре се врши второто запишување на учениците во средните училишта

Денеска и утре во трите средни општински училишта се врши второто пријавување и запишување на учениците во прва година за новата 2015/2016 година во јунскиот уписен рок. Сите училишта се подготвени за второто пријавување и досега не се регистрирани никакви проблеми. По првото пријавување во трите средни училишта се запишаа вкупно 755 ученици, а останаа 493 слободни места. Во средното општинско ...

Во струмичките средни училишта се запишаа вкупно 755 ученици

Во трите средни општински училишта заврши првото пријавување и запишување на учениците во прва годна за новата 2015/2016 учебна година во јунскиот уписен рок. Според официјалните податоци добиени од училиштата, во првото пријавување запишани се вкупно 755 ученици, а останати се 493 слободни места. Во средното општинско училиште „Јане Сандански“ се запишани 255, а слободни места има уште ...

Хорот на Гимназијата се закити со златен медал на педестеттиот државен натпревар во хорско пеење

Триесет и пет хористи од СОУ „Јане Сандански“ го одбележаа еден од најзначајните празници „Св. Кирил и Методиј“ со песна и многу позитивна енергија од заедничкото дружење. По одржувањето на регионалниот натпревар на кој нашиот училишен хор беше првонаграден, во Кавадарци беше одржан јубилејниот 50-ти државен натпревар во хорско пеење. На натпреварот конкуренцијата, во која се натпреваруваа ...

Гимназијалците доминантни на регионалниот натпревар по хемија

Учениците од СОУ „Јане Сандански“ постигнаа одлични резултати на регионалниот натпревар по хемија, кој беше одржан на 18. април, а се одвиваше во просториите на СОУ „Јане Сандански“. Гимназијалците ги остварија следниве резултати: Од прва година под менторство на Зуле Цонева, Коста Михајлов го освои првото место, а третото место го освои  Ристо Ѓорѓиев. Од втора година првото место ...

Се одржа натпревар по англиски јазик „Спелинг Би“

Во средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Струмица, а во организација на американскиот Мировен корпус се одржа натпревар по англиски јазик „Спелинг Би“. На натпреварот учествуваа ученици од неколку основни училишта кои добија поддршка и од Советот на општина Струмица. Нив ги поздрави и им посака многу успех во натпреварот и изучувањето на англискиот јазик, претседателот ...

Родителите ќе запеат на сцена за патронатот на гимназијата

Годинашната свечена академија по повод 100 години од смртта на Јане Сандански и 70 години настава на македонски јазик во СОУ „Јане Сандански“, која ќе се одржи на 22. април, со почеток од 20 часот, ќе биде во знакот на нашите, македонски корени. Публиката ќе ужива во поетско рецитирање на успешни и реномирани поранешни ученици на училиштето, промоција на монографија, химна и знаме. – ...

Гимназијалците ја бојкотираа наставата

Учениците од прва до четврта година во средното општинско училиште „Јане Сандански“ од Струмица денеска се приклучија на бојкотот кој што го организира Средношколскиот пленум. И во двете смени наставата се бојкотираше и наместо во училниците, учениците своето време го поминаа во ходникот на училиштето. -Веќе два месеца уредно ги следиме процедурите за изразување на незадоволството, ...

Отворена веб страна на Кариерниот центар

Кариерниот центар во СОУ „Јане Сандански“, кој е отворен во 2011 година, и е наменет за сите ученици кои сакаат насоки за развој на нивната кариера и да ги подобрат своите вештини за вработување доби и веб страна. Веб страната започна со работа од месец март, и постојано ќе се надоградува и надополнува. Веб страната ја работат ученици од СОУ „Јане Сандански“, а е  од едукативен карактер, ...

Средношколци од Струмица ќе работат со нанороботи

В петок, на трети април, во амфитеатарот на Технолошко-металуршки факултет во Скопје, ќе се одржи регионалното издание на мошне актуелниот и престижен натпревар за Наноматеријали – Материјали на иднината. Таму ќе учествуваат осум наши ученици од СОУ „Јане Сандански“, тие ќе бидат поделени во четири тима. Темата на која работи еден од тимовите е Наносензори. Методи Белчовски и Божанка ...