На 22 ноември ќе се чествува за прв пат празникот на „Пресвета Богородица Брзопослушничка” во Струмица!

Во чест на чудотворната икона на „Пресвета Богородица “Брзопослушничка”  на 22 ноември  во манастирот на „Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” во Струмица, каде од 12 март 2017 година се наоѓа иконата како дар од манастирот Дохијар на Св.Гора, ќе се чествува првиот нејзин празник откако е донесена. Нa 21 ноември во 16 часот, ќе се отслужи вечерна богослужба со молебен ...

Денес е Положување на појасот на Пресвета Богородица -жените го прават овој обичај

Денес е Положување појас на Пресвета Богородица, а жените овој празник го минуваат во строг пост и молитва, за полесно да раѓаат, а оние кои не можат да имаат деца одат во црква или манастир посветен на Богородица ија молат за милост. Велат дека со молитвата жените кои не можат да имаат деца ќе добијат, а болните ќе се излечат. Празникот се празнува поради чудото што се случило кога овој ...

Денеска е Празник на појасот на Пресвета Богородица

После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија. Овој ковчег никогаш не се отвараше, с ѐ до времето на царот Лав Мудриот (886 г. – 912 г.). Сопругата на Лав, царицата Зоа, душевно се разболе, и според некое ...

Пресвета Богородице, спаси нас!

– Митрополит Наум Вака сега, мили мои, ако сакате да си ги спасите душите свои. Со текот на времето, Божествената Литургија, онаква каква што денес ја служиме, претрпела многу промени, иако не суштински, туку само формални. Зашто на почетокот секој епископ служел онака како што примил од светите Апостоли. Остатоците од некои од тие Литургии, или дури и целите, ги имаме запишани и сочувани ...

Денес е Собор на Пресвета Богородица

Според јулијанскиот календар, по кој се води и МПЦ, денеска е 26 декември. Денот по празнувањето на Рождеството Христово, Православната Црква го посветува на Соборот на Пресвета Богородица. Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица. Најмудра пракса. ...

ФОТОГАЛЕРИЈА: Чествување на Рождество на Пресвета Богородица во Вељуса

Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка.  Македонскиот народ, како впрочем и сите ...

Рождество на Пресвета Богородица

Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во ...