Понеделник е неработен ден

Од Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), понеделник е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед. 6-ти април 2015 година (понеделник), вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд ...

Католиците го слават Велигден

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.  Традиционално во Македонија, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија. Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, честитајќи им го Велигден ...

Епископот Стојанов во Струмица: Богојавление е повик упатен до нас

На 19 јануари 2015 година, на празникот Богојавление во Католичката црква Свети Иван Крстител – Струмица, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија служеше света архиерејска Литургија во заедништво со протереј ставрофор о. Георге Трајков, катедрален парох, о. Гоце Костов, парох во Свети Иван Крстител – Струмица и о. Илија Стојанов, капелан во Свети ...

Божиќна честитка од градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев

Божиќна честитка од градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.Почитувани верници,Вам, кои го славите Рожденството Христово според Грегоријанскиот календар, Ви посакувам Ѕвездата Витлеемска да ги осветли и огрее Вашите домови и да Ви дарува љубов, семејна хармонија и неизмерна радост. Божиќните празнувања нека Ви поминат во духот на простувањето, милосрдието и човекољубието. ...

Поглаварот на католичката црква, Киро Стојанов, им го честиташе Раѓањето Христово на верниците

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов упати божикна честитка по повод празникот Божиќ што утре го слават граѓаните на Македонија со католичка вероисповед. – „Драги браќа и сестри, и овој Божиќ не собра во заедништво, и семејно и општествено, за поубаво и содржајно да ја прославиме радоста на оној настан кој се случи во Витлеем и ја раздели нашата историја ...

Празникот на сите светци, неработен за католичките верници

Празникот на сите светци 1 ноември (сабота) е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Денот на сите светци е католички празник согласно календарот на Римокатоличката Црква, а со него се празнуваат сите светци, како оние кои веќе се канонизирани, така и они кои сѐуште не се. Денот на сите светци се ...