ВИДЕО: Каква АТРАКЦИЈА – Струмичанецот Јани Атанасов даде гол со „ножички“ против Англија!

  Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години рано во натпреварот дојде до предност против големиот фаворит Англија (0-1), на атрактивен начин, со погодок на Јани Атанасов. Фудбалерот на Академија Пандев успеа да го надмудри противничкиот голман уште во 3. минута од мечот. Еден од лидерите на оваа репрезентација погоди атрактивно, со ножички, откако одлично доби топка ...

(ВИДЕО) СТРУМИЧАНЕЦОТ ЈАНИ АТАНАСОВ ПОВТОРНО ПОСТИГНА ГОЛ! МОЌНАТА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИГРА ЕЛИТНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП!

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години за првпат во својата историја ќе игра елитни квалификации за пласман на Европско првенство, откако во вториот меч од првиот циклус ја совлада и Белгија (2-1) и со шест бода патува во наредната фаза. Една од најталентираните генерации водена од Станојковиќ дојде до триумф повторно со пресврт, слично како и на мечот со Швајцарија. Младите ...

СТРУМИЧАНЕЦОТ ЈАНИ АТАНАСОВ ВО ДРЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА И ДАДЕ ГОЛ НА СИЛНАТА ШВАЈЦАРИЈА!

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години успеа за само пет минути да направи пресврт во дуелот против Швајцарија (2-1), кој се игра во рамки на квалификациите за ЕП. На стартот на вториот дел, тимот на Станојковиќ успеа да постигне гол по еден корнер. Највисок во скокот беше Филип Трајановски, кој излезе осамен и со моќен удар со глава во 56 минута успеа да изедначи на 1-1. Само ...

(ВИДЕО) СТРУМИЧАНЕЦОТ ЈАНИ АТАНАСОВ СО „БОМБА“ ОД СРЕДИНАТА НА ТЕРЕНОТ ЈА ИЗНЕНАДИ САУДИСКА АРАБИЈА

Фудбалскиот струмички талент Јани Атанасов кој воедно е фудбалер на Академија Пандев и член на македонската фудбалска репрезентација до 19 години, на пријателскиот натпревар до 19 години одигран во Словенија против Саудиска Арабија постигна неверојатен гол од средината на теренот и ги изненади противниците. Во продолжение погледнете го феноменалниот гол:

Струмичанецот Јани Атанасов за Спортклуб.мк: Повикот во А-репрезентацијата за мене е остварување на сонот!

Струмичката фудбалска почва секогаш била плодна, особено кога станува збор за вонсериски играчи. Оттаму излезе еден од најголемите бисери на македонскиот фудбал Горан Пандев заедно со Ацо Стојков, пред него и еден Благој Истатов. На добар пат да ги наследи овие фудбалски легенди е 17-годишниот Јани Атанасов, најголемиот бисер од школата на Академија Пандев. Лани, со само 16 години дебитираше ...

Двајца македонски таленти на проба во Интер!

Интер достави официјална покана до Академија Пандев за проба на Михаил Маневски кој утре треба да отпатува во Милано. Михаил Маневски е можно да стане вториот фудбалер на струмичка Академија Пандев кој ќе го облече дресот на италијанскиот гигант, откако есеноска на Интер му пристапи Јани Атанасов. Маневски претходно беше на проба во ФК Емполи каде што бил забележан од скаути на Интер. „Јани ...