УШТЕ ЕДЕН ДЕРБИ НАТПРЕВАР: СИЛНАТА БЕЛАСИЦА ПРОТИВ ФК БРЕГАЛНИЦА!

Во сабота со почеток од 14:00 часот на градскиот стадион во Штип ќе се одигра уште еден дерби натпревар во втората македонска фудбалска лига – Исток помеѓу струмичката гордост, односно силната Беласица и Фк Брегалница од Штип. Како и секогаш, нашите момци ќе ја имаат поддршката од верните навивачи Ајдуци!

(ФОТО) СТРУМИЧКИТЕ АЈДУЦИ ФАНТАСТИЧНИ: БЕЛАСИЦА ГО „ТРЕСНА“ БОРЕЦ И СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРВА ЛИГА!

Со головите на Горан Здравков и на Марјан Ташев Беласица во дрбито на Втората лига Исток го победи директниот конкурент Борец и сигурно чекори кон пласман во Првата македонска фудбалска лига. Дербито на 16. коло донесе квалитетен фудбал, а струмичани беа подобри и сега имаат пет бода предност пред второпласираната Брегалница. Борец падна на третата позиција по поразот во Струмица, ...

ФК БЕЛАСИЦА СЕ ВРАЌА НА ВРВОТ: ФК ПОБЕДА ВАЛАНДОВО ПРИМИ ОСУМ ГОЛА ОД ГОРДОСТА НА СТРУМИЧАНИ!

  Славната Беласица и гордоста на сите струмичани, полека но сигурно се враќа на победничките патеки и на врвот! Денес во Валандово беше прегазена ФК Победа Валандово која прими осум гола од нашите момци! Големо браво за феноменалната партија на фудбалерите и секоја чест за струмичките Ајдуци за поддршката!   Стрелци: ⚽️ Крсте Тодоров ⚽️ Марјан Ташев ⚽️⚽️ Мартин ...

Сеќавање за великанот Ванчо Таковски

Ванчо Таковски беше името што го врати и возвиши фудбалот не само во Струмица туку и Македонија. Тој работеше и се трудеше целиот свој живот за да неговата омилена Беласица биде врвот во Македонија и успева во тоа. Таковски е роден во 1956 година , а пред три години (2013) по кратко поделување почина. Ванчо Таковски засекогаш ќе остане запаметен како најголемиот борец за Беласица а воедно ...

Голем трансфер во ВМФЛ: Здравков потпиша за Беласица

Екипата на Беласица од Струмица драстично си ги зголеми шансите за влез во Првата македонска фудбалска лига, откако договори големо засилување, во Горан Здравков, искусниот фудбалер кој доаѓа од Штип. Здравков беше главен адут на Брегалница во борбата за лидерското место во Втората лига – Исток, но реши да го напушти клубот од Штип. Наредна дестинација ќе му биде Струмица, каде ќе ...

ФК БЕЛАСИЦА ПОДГОТВЕНА ЗА ПРВА ЛИГА!

Со големо задоволство ви ги претставуваме новите засилувања за вториот дел од сезоната. Горан Здравков – ни доаѓа од најголемиот конкурент, штипска Брегалница, и е еден од најдобрите играчи во последните неколку децении во ФК Брегалница. Игра на позицијата офанзивен играч за врска. Александар Василев и Томе Јанев – повторно се враќаат во Беласица. Ни доаѓаат исто така од ФК Брегалница ...

БЕЛАСИЦА ПОСИЛНА ЗА МИРЧЕВСКИ, ВАСИЛЕВ, ПАШОВСКИ

Засега три новитети на „Младост“. Голман, стопер и офанзивец Тимот на Беласица официјално потпиша соработка со тројца играчи. Тоа се искусниот голман Горан Пашовски, потоа Александар Василев како и младиот Марин Мирчевски. Првиот речиси и да ја заврши кариерата, но одлучи да се реактивира што се вели. Василев изминатата полусезона ја мина во Штип, односно во таборот на Брегалница ...

Горан Пашовски ја прекина пензијата и потпиша за Беласица

Искусниот Горaн Пашовски е нов голман на есенскиот првак во Втората лига – Исток, Беласица, дознава Gol.mk. Иако се пензионираше на почетокот од оваа сезона, битолчанецот ја прифати понудата на струмичкиот второлигаш и потпиша договор до крајот на сезоната. 37-годишниот Пашовски ќе биде замена за Ванче Манчевски, кој си замина од Струмица по завршувањето на есента. Битолчанецот наскоро ...

Дедо Мраз во ФК Беласица

Младинските категории на фудбалскиот клуб Беласица беа посетени од Дедо Мраз. На церемонијата во ресторант Космополит, сопственикот на клубот  Беласица  се погрижи младите фудбалери да добијат новогодишни пакетчиња.  

ДЕДО МРАЗ И ОВАА ГОДИНА ВО ПОСЕТА НА НАЈМАЛИТЕ ФУДБАЛЕРИТЕ НА БЕЛАСИЦА

Новогодишните празници и оваа година ќе ги обележи Дедо Мраз кој ќе подели пакетчиња за најмалите членови на ФК Беласица. Целта на овој настан ќе биде дружење на најмалите членови на клубот и одбележување на 2017 година која беше од голем значај за развојот на младинскиот погон на ФК Беласица. Настанот ќе се одржи на 30.12.2017 Сабота во игротека “Pindolino” во 12:00 ч . Ве очекуваме !!!