ФОТО: Бадниковите огнови низ Струмица

Вечерва низ целата земја граѓаните палат Бадников оган. Според многумина, а и според црквата се работи за пагански обичај кој датира уште од многу одамна. Кај нас се негува веќе многу години, а во Струмица вечерва на повеќе локации граѓаните запалија оган и уживаа во мезе и топла ракија.        

Бадников оган – паганство или православен обичај?

Православните христијани во Македонија слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Верниците во сите населени места палат бадникарски дрва.  Бадникарскиот оган кај нас, без разлика дали е адаптиран пагански или изворен православен обичај, го симболизира загревањето на пештерата кај Витлеем во која се родил Исус. Меѓутоа организаторите на бадниковиот ...