Паричката кај Заев

Паричката од бадниковата погача годинава ги заобиколи поголемиот дел од политичарите, но ќе донесе бериќет во нивните домови и среќа за членовите од нивните семејства. Еден од ретките во чија чинија се најде парчето леб кое во себе ја има паричката, е лидерот на опозицијата и градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев.

zaev2

Претседателот Иванов е еден од оние кому бадниковата погача му намени благодет во домот. И во домот на министерката Јанкулоска, паричката заврши во делчето погача наменето за благодет на домот.

За Боркица Груевска, сопругата на македонскиот премиер Никола Груевски новата 2015 година ќе биде среќна, весела, бериќетна бидејќи паричката од бадниковото лепче таа ја добила. Додека кај спикерот Велјановски паричката се паднала кај ќерката.

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,