МАТУРАНТИ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ОД СТРУМИЦА ВО ПОСЕТА НА УТМС

Во функција на апликативно промовирање на предностите за студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје за упис на студенти во академската 2017-2018 година, матуранти од СОУ „Никола Карев”, СОУ „Јане Сандански” и СОУ „Димитар Влахов” од Струмица го посетија универзитетот при што остварија средби со деканите и професорите со кои разговараа за условите и можностите за студирање. Воедно преку мултимедијална презентација им беше претставена апликативноста на платфотмата Е-студент и Е-библиотека, примената на дигиталната технологија во процесот на учење, ентериерот на предавалните и амфитеатарот. За време на посетата во функција на професионална ориентација беше реализирана обука од проф. д-р Александра Стоилковска и доц. д-р Валентина Муцунска Палевска за матурантите на тема: „Планирање и развој на кариера” по чие завршување им беа доделени сертификати. Во непосредната комуникација со вработените и студентите, матурантите го искажаа големото задоволство и импресиите од атмосферата на УТМС како и од современите услови за студирање. Дел од матурантите донесоа одлука да студираат на УТМС.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,