МАКСИМАЛНИ 100 ПОЕНИ за Најдобриот штанд оваа година на МАССУМ за СОУ „Јане Сандански“

На 21 и 22 април, 2017 година, во СЕПУГС “Васил Антевски Дрен” СКОПЈЕ се одржа младинската асоцијација на средни стручни училишта во Македонија. Во петок, на 21 април беа изложени штандовите на училиштата учесници, меѓу кои беше и штандот од училиштето „Јане Сандански“. Темата на штандот беше одберена врз основа на дилемите кои ги имаат младите луѓе во врска со нивната кариера и крстопатот на кој наидуваат при избор на кариера и професија.

Уникатноста, креативноста и сеопфатноста на штандот целосно ги исполни критериумите на оценување и како резултат на тоа беше награден со максимални 100 поени добивајќи ПРВА НАГРАДА на образовното рандеву 2017.

Во изработката на штандот беа вклучени ученички од четврта година, и тоа:

  • Марија Малинова
  • Ѕвезда Иванова
  • Кристина Попова
  • Зорица Николова
  • Елена Митева
  • Верица Ристова

Ученичките беа под менторство на професорките Катерина Милушева, Гордана Василева Вукашиновиќ, Јованка Михаиловиќ и Македонка Манушева од кои дел од нив се исто така и кариерни советници.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,