Лепче со паричка на Василица или на Бадник?

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

На Василица се празнуваат три празници св.Василиј Велики, Обрезание на Господ Исус Христос и православна Нова година позната како Стара Нова година.

Со пита со паричка православните христијани го прославуваат доаѓањето на новата година според христијанскиот календар, исто и Василица, каде што исто како и на бадниковата вечер паричката ја ставаат во питата и делат по едно парче за секој во семејството, со што се верува дека во оној кој ќе се падне паричката цела година ќе го прати среќа и бериќет.

Овој обичај е поврзан со чудото што се случило со св.Василиј.Тој бил познат по давањето милостина и помагањето на сиромашните.Еден ден кај него дошле сиромашни луѓе и му побарале пари, а тој во моментот немал да им даде, но во меѓувреме наидел на некој богат човек од кој позајмил пари и им дал на сиромашните. По кратко време сакал да му ги врати парите на човекот од кого позајмил но бидејќи не го познавал не го нашол, па решил да стави паричка во месен леб и за време на боголсужбата кога се делела нафората се помилил на тој човек да му се врати парата и така и се случило. Од тогаш овој обичај христијаните го практикуваат, со цел паричката да симболизира среќа и богатсвото во текот на цела година.

Овој обичај е признаен од Македонската црква како македонски црковен обичај, каде што се објаснува дека на 14-ти Јануари св. Василиј Велики , познат на народот како Стара Нова година, т.е Црковна Нова година треба да се става паричка во лебот, бидејќи ова е македонски обичај, додека ставањето на паричка во лебот за Бадник е српски црковен обичај кој се наметнал за време на српската окупацијата на Македонија, со што на граѓаните треба да им биде познато дека треба да го почитуваат и практикуваат и нашиот македонски обичај велат од МПЦ.

маркетинг


Select
Ознаки: ,