Колку коледари Ве посетија денес?

Струмичките коледари и денес го најавија Христовото раѓање. На големиот христијански празник Бадник, малите деца одат по домовите во соседството, чукаат на вратите и пеат коледарски песни. Според традицијата, домаќините за тоа ги наградуваат со колачи, костени, ореви, јаболка и ситни пари.

Околу бројот на коледарите, граѓаните со различни ставови. Според едни, бројот од година на година се’ повеќе се намалува, според други, ги посетиле солиден број на дечиња. Студеното време и снежните врнежи, a можеби и незаинтересираноста на новите генерации да ја продолжат традицијата се причина што во повеќето домови подготвените бомбончиња и оревчиња останаа непотрошени.

Сепак, бројот на коледари низ селата е значително поголем од оној низ градот. Тамошните деца рано наутро се маскираат, а потоа во поголеми групи ги шетаат куќите од соседството. Годинава и бројот на коледарските огнови беше оскуден.

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,