Католиците го празнуваат Свети Валентин

sveti-trifun-valentin-1-480x321-38264

Според католичкиот календар денеска е Св. Валентин.

Тој бил свештеник во Рим кој се истакнувал со мудрост и свет живот. Поради тоа уживал голем углед. Римскиот цар Клаудиј Втори побарал од Валентин да се одрекне од верата во Христос и да и се врати на верата во римските богови. Валентин му одговорил: “Кога би знаел кој е вистинскиот Господ, никогаш нема да го побараш тоа од мене. За мене Христос е вистинскиот Син Божји”. Кога еден од паганските судии го прашал, што мисли за римските богови, тој одговорил: “Тие се демони!”. Поради тоа во 269 година му била отсечена главата.

маркетинг


Select
Ознаки: , , , ,