Изложба на фотографии во Струмица во рамки на кампањата „Будење“

Две мајки хероини: едната е Анче Туфекчиева, мајка на девојче со даунов синдром, основач и член на Здружението „Вера“ од Струмица – здружение за помош и поддршка на лица со пречки во развој, другата хероина е Даниела Мирческа, мајка на дете со ретка болест и регионален координатор на „Ресурсен центар за помош и поддршка на родители на деца со пречки во развој“; заедно со Ирена Мила и Елена Фидановска – фотографки и активистки и илустраторката Верица Пиперевска, самоиницијативно ја започнаа кампањата „Будење“.

21 март, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, денот и месецот кога се расонуваме од меланхолијата, од заспаното општество. Време е да се разбудиме на многу полиња.

Ние сакавме да Ве разбудиме и да Ви покажеме какви убавини постојат на овој свет. Различни, а на свој начин совршени.

По тој повод, Ве покануваме на 21.03.2016 во 11 часот, на прес-конференција во „Александар Палас“, каде ќе ја промовираме нашата кампања „Будење“ заедно со Иванна Хаџиевска. Воедно, Ве каниме на изложбата со фотографии на истата дата во Центарот за култура Антон Панов – Струмица, во 19:30 часот. Дојдете да ја почувствувате енергијата која ја доживеавме, љубовта, убавината, чистотата и способноста на нашите нови пријатели, кои сакат да ви пренесат една порака: разбудете се, тука сме за заедно да постоиме!

10408692_10207536155454765_6241495328375186911_n

маркетинг


Select
Ознаки: , ,