Изложба на фотографии и поетско претставување на Јоханес Беилхарц во Струмица

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ со огромно задоволство и чест го најавува гостувањето на Јоханес Беилхарц, писател, поет, преведувач, сликар и фотограф од Германија, кој во моментот живее и работи во Рим, Италија.

unnamed

Ова е уште еден од серијата настани кои имаат за цел промоција на автори од светот кои го заслужуваат вниманието да бидат претставени во градот, но и пошироко, така, неговото претставување со изложба на фотографии и поетска презентација ќе се реализира во два града во Македонија. Првиот настан е закажуван за 13 август 2015 година (четврток), во Sub Club – Струмица, со почеток во 20:00 часот.  Вториот настан се реализира во соработка со Дом на култура Гевгелија и ќе се случи во познатиот простор на галеријата „Амам“ во Гевгелија на 15 август 2015 година (сабота), со почеток во 20:00 часот.

На настаните публиката ќе ја можноста да се запознае како со литературното творештво на Јоханец Беилхарц, така и со неговата уметничка работа како фотограф. На изложбата ќе биде претставена серија на црно бели фотографии дел од негов пообемен циклус кој го работи изминативе неколку години.

Јоханес Беилхарц, роден е 1956 година во Оберндорф ам Некар (Oberndorf am Neckar), Германија. Студирал англиски и романски јазици и литература на Универзитетот во Регенсбург, Германија, а потоа англиска литература/ креативно пишување на Универзитетот во Колорадо, Болдер, САД (М.А. 1981 год). Писател, преведувач, сликар и фотограф. Пишува на германски и на англиски јазик. Негови дела се застапени во најразлични изданија на англиски и германски, како антологии, списанија, интернет портали и е-списанија во САД, Германија, Австралија, Романија и Индија. Во моментот живее во Рим, Италија и Плајзхаузен, Германија.

Досега ги има објавено книгите: Рурални песни (поезија), Книга (поетски преводи, заедно со Патрик Каротерс и Ејми Левин), Злите мравки (Die gottlosen Ameisen) (раскази), Крај на играта (краток драма објавена под името Џејмс Стирфорт), Индиски песни и раскази (Indische Gedichte und Geschichten (преводи на индиска поезија и песни и раскази поврзани со Индија), Најдобро од Меме (поезија и кратка проза), 101 (хаику и Фибоначи песни), Финската џез песна за неразбраниот (Eine finnische Jazznummer für die Missverstandenen) (песни).

Преводи: Барбара Гест, Падобрани, љубовник (германски превод на избрани песни од Барбара Гест), Енрик Касасес, Куќите во мојата улица (од каталонски). Создава поетски читања, често пропратени од џез и индиски класични музичари, од 1980 година наваму. Има учествувано на голем број на уметнички настани и учество во групни изложби во Германија, Франција, Индија и Италија од 2002 година наваму. Ја освои 2-рата награда на конкурсот „ La Stabilità“, организиран од Центарот за уметност „Castel Gandolfo“, Италија, 2014. Учествуваше на Меѓународниот фестивал „Curtea de Argeş“ – вечери на поезијата во Романија, во 2014 година, а исто така зеде учество и на првата светска конференција на 100 илјади поети за промена во Салерно, Италија, во 2015 година.

Можете да го најдете на интернет:

Домашна страница: www.beilharz.com

Литературата и уметноста на страницата: www.jbeilharz.de

Личен блог: www.beilharz.wordpress.com

маркетинг


Select
Ознаки: , , , ,