Егзотични и еуфорични фотографии го најавуваат струмичкиот карневал

Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, на 10 март 2016 година (четврток), со почеток во 19 часот, здружението „Евро – визија“ ќе ја отвори осмата групна изложба на фотографии, која официјално се случува секоја година за време на карневалските денови во Струмица.

mkd-247952

По претходно објавен конкурс, на кој се пријавија 30-тина фотографи со повеќе од 200 фотографии, дел од истите ќе бидат застапени на изложбата со фотографии направени за време на минатогодишното издание на Струмичкиот карневал. Најуспешните ќе бидат наградени.

Отворањето на изложбата е покана до сите љубители на убавата, егзотична, еуфорична фотографија да ја проследат осмата по ред изложба на фотографии и со тоа да се започне прославата и да се даде позитивна енергија на познатите Струмички карневалски денови.

маркетинг


Select
Ознаки: , , , ,