СПОРТКЛУБ: Бомба од Струмица: Академија Пандев ја напушта Првата лига!?

‘ Раководството на Академија Пандев остана разочарано од последната одлука на ФФМ која не ја прифати жалбата за натпреварот против Шкендија и го регистрира дуелот со постигнатиот резултат 1-0. По тој повод струмичкиот клуб излезе со соопштение во кое најави дури и можно истапување од Првата лига. Соопштението ви го пренесуваме во целост. „Почитувани, По денешниот одржан состанок ...

ФФМ ја одби жалбата на „пандевци“: Нема прекршување на правилата

Случајот со спорниот момент на мечот меѓу Шкендија и Академија Пандев денес го доби конечниот исход, откако Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ја одби жалбата на струмичкиот тим. Од таборот на Академија Пандев тврдеа дека тетовчани ги прекршија законите на ФФМ, со образложение дека во нивниот меѓусебен дуел Шкендија неколку минути во првиот период ...

„ПАНДЕВЦИ“ СО ПОРАКА ДО ШКЕНДИЈА!

„Непознавањето на Статутот, Правилниците и останатите прописи на ФФМ никого не ослободуваат од одговорност“ им порачуваат струмичани на тетовци Почитувани, Знаеме дека навистина ова стана премногу и почнува да наликува на некоја серија со ново продолжение. Но, по последното соопштение на ФК Шкендија АД принудени сме повторно да го кажеме нашето мислење. Навистина не сакаме да се ...

Тиверија Струмица му отстапи пет фудбалерки на првакот Истатов

Екипата на Тиверија Струмица пред крајот на преодниот рок во женската фудбалска лига реши да му отстапи пет фудбалерки од своите редови на актуелниот првак Истатов од Дојран. Од таборот на струмичанки заминаа Викторија Велковска, Афтономка Иванова, Глорија Газетиќ, Јасмина Митева и Христина Кирова и кариерата ќе ја продолжат во Дојран. Управата на Тиверија Струмица посочи дека отстапувањето ...

ФК Беласица и „Македонски Телеком“ склучија договор за спонзорство

Лидерот во Втората лига – Исток, ФК Беласица денеска го официјализираше договорот со Македонски Телеком кој во 2018 година ќе биде генерален спонзор на струмичани. Тоа што уште пред повеќе од еден месец го најави претседателот на струмичка Беласица, Славчо Васков дека Македонски Телеком ќе биде нов спонзор на овој клуб, тоа и официјално го потврди Беласица на својата интернет-страница.Македонски ...

Снегот ги одложи натреварите на Беласица и Турново закажани за сабота

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одложи стартот на пролетната сезона во Втората лига (ВМФЛ – Исток и ВМФЛ – Запад), кој беше планиран за следната сабота, поради студеното време и снегот кој ги прекри фудбалските терени. Второлигашите ќе ги одиграат своите дуели во вторник на 6. март, одлучи Комисијата за натпревари при ФФМ. Снегот го одложи и вонредното коло во ПМФЛ закажано ...

Лошото време го одложи ,,Пандев Куп” за наредната недела

Екипата на Академија Пандев направи промена и поради временските неприлики го одложи планираниот „Пандев Куп“ кој требаше да се игра во Струмица. Македонија ја зафати снежен бран, па така од таборот на „пандевци“ решија да направат промена и да го одложат натпреварувањето за една недела. „Поради временските неприлики Ф.К. Академија Пандев известува дека Пандев Куп ќе биде одложен ...

Академија Пандев поднесе жалба за дуелот со Шкендија, бара службена победа

Изминатиот викенд Шкендија со 1-0 ја победи Академија Пандев, но гостите од Струмица сметаат дека еден член од правилникот на ФФМ е прекршен и бараат службена победа од 3-0. Според правилникот на ФФМ секој тим во првото полувреме мора да има домашен фудбалер кој нема наполнето 21 година. Во 21. минута од натпреварот помеѓу Шкендија и Академија Пандев црвен картон доби Енис Фазлагиќ, по што ...

Европски гиганти на првиот „Пандев куп“ 2018

Од таборот на Академија Пандев тргнуваат во многу амбициозен проект и оваа година за прв пат ќе организираат турнир за младинските категории. Турнирот ќе го носи името „Пандев куп“.Првиот дел на натпреварувањето ќе се одржи од 1 до 4 март и на него ќе играат фудбалери родени од 2006 до 2010 година. Вториот дел е планиран за крајот на јули (30 јули до 4 август) ќе настапат екипи со фудбалери ...

(ВИДЕО) Меч како на ,,антартикот” – ,,Пандевци” во Тетово одиграа ,,снежен” меч

Снег денес ја зафати државата но тоа не ги спречи фудбалерите да го одиграат 21 коло од Првата Македонска фудбалска лига. Теренот беше доста тежок за игра, но судијата одлучи мечот да се одигра. Академија Пандев беше поразена од екипата на ФК Шкендија. На натреварот кој се одигра во Тетово ,,пандевци” беа поразени со 1-0. Струмичани во соопштение рекоа дека победата ќе ја бараат на ,,зелена ...