Арт Продукција – Новите принципи во семејната и свадбената фотографија

Art-production (1)

Откога е измислена фотографијата има значајна улога во животите на луѓето. Со напредокот на дигиталната технологија , интернетот и со феноменот на социјалните мрежи фотографијата досега зазема невидена распространетост на глобално ниво. Фотографската индустрија за да го одржи квалитетот непрестано воведува новини и трендовите во комерцијалната фотографија брзо се менуваат.

Art-production (3)

Дечките од Арт Продукција секогаш се спремни да ги следат новите текови.Основачите Миле и Блаже под етикетата Арт Продукција во Струмица веќе успешно работат околу две години. По повод успешната работна година поразговаравме со нив околу концептот на нивната работа.

Заклучивме дека иако станува збор за комерцијална фотографија , еден од клучните моменти покрај професионалноста е и искреноста и непосредната комуникација со клиентите.Прилагодување на потребите на клиентите, но и оставање на свој печат преку работата.Пратење на новите трендови и успешно прилагодување на нашите услови и обичаи во Македонија.Во последно време покрај свадбената фотографија Арт Продукција се повеќе почнува да работи и класична семејна и детска портретна фотографија.

Art-production (2)

Art-production (8)

Art-production (7)

Art-production (6)

Art-production (5)

Art-production (4)

маркетинг


Select
Ознаки: , ,