УЧЕНИЦИ НА СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“-СТРУМИЦА СО НАГРАДИ СЕ ВРАТИЈА ОД „JUNIOR ACHIEVEMENT“

На 15.12.2017 се одржа еднодневниот Иновативен Камп-натпревар во претприемачки вештини во Скопје под покровителство на Junior Achievement, на кој учествува и нашето средно општинско училиште ,,Јане Сандански’’.

Вкупно 140 средношколци од 28 средни училишта од земјава беа пријавени за еднодневниот Иновативен камп – натпревар во претприемачки вештини, а ученици од Струмица беа дел од трите победнички тима, Ристе Ѓоргиев (3 место), Ева Ангелова (2 место) и Ирена Илиева (1 место), сите под менторство на професорката Стаменка Џорлева.

Учениците ги воодушевија присутните со своите иновативни решенија.

Победник беше групата 4, чија компанија нуди нуди услуга во вид на апликација. Може да им помогне на сите кои сакаат да купат нов електричен производ, за поволна цена, а едновремено да ја намали и сумата на нивната сметка за електрична енергија.

Апликацијата има за цел да ги подредува електричните производи по најмала потрошувачка на електрична енергија и со тоа да придонесе за енергетската ефикасност во заедницата, а и семејниот буџет, заштедувајќи електрична енергија.

„Производите во апликацијата ќе бидат подредени од производи со најмала потрошувачка на енергија, до оние со најголема. Клиентите ќе можат да ја изберат најповолната цена за својот буџет, со тоа што ќе има поле, каде што ќе се внесува буџетот со кој што располагаат. Второстепената намена, покрај услугата за пронаоѓање на производ со најмала потрошувачка на електрична енергија е и онлајн нарачка на производот или локацијата од каде може директно да го купат избраниот производ“ објаснуваат победниците.

Инаку, учениците на натпреварот беа  поделени во тимови од шесторица и добија задача да осмислат производ или услуга што ќе придонесе за енергетска ефикасност во заедницата. Секоја група беше задолжена да осмисли бизнис план за својата компанија и да го презентира пред жири комисија и пред останатите, како замислува да ја реализира својата идеја, која би имала широка употреба во корист на општеството.

За само 5 часови сите групи успеаја да осмислат бизнис планови, а имаа само неколку минути за нивна презентација.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,