Волонтерите од Црвен крст санираа околу 50 повреди на ОПЕН Фест

30 волонтери при Црвен крст Струмица активно се вклучија и оваа година во заштита на публиката која ги следеше трите главни вечери за време на Струмица Опен фестивал.

11873547_1026751040698191_1495026732608841506_n
При нивна патрола околу заградената територија наидоа на околу 40-50 повреди кои беа успешно санирани од страна на обучените волонтери по прва помош при Црвен крст. Волонтерите покрај тоа што беа обучени и беа над 17 години интересно е што имаше волонтери и од други општински оргабнизации при Црвен крст како Велес, Кочани, Виница, Неготино, Битола, Свети Николе. Тоа беше три дневен камп кој преминува во традиција на Општинската организација на Црвен крст Струмица. Покрај работната акција која се одвиваше од 20:00-02:00 по полноќ, младите се дружеа и имаа дводневна посета на базентот Аквариус.

11889663_1026751037364858_5521762718126697547_n
Тоа е втор камп што го организира Црвениот крст Струмица како мотивационен камп за волонтерите на Црвен крст. Покрај тоа што организира свои кампови двапати годишно Црвен крст Струмица оваа година ги испрати своите активни волонтери и на камп во Струга, Битола, Виница, Велес, Дојран.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,