Препорачуваме филм „Во тројка со жиголо“

Колку смешно, толку и шокантно, петтиот филм од Џон Тортуро (по “Mac”, “Illuminata”, “Romance & Cigarettes” и “Passionate”) е приказна за човековата бесконечна и никогаш задоволителна потрага по среќа преку секс и љубов. Со феноменална актерска екипа ви гарантираме добра забава.

FADING GIGOLO

Фиораванте (Џон Тортуро) по предлог на својот пријател Мареј (Вуди Ален) почнува да се занимава со најстарата професија во светот и доживува нешто на што воопшто не се надевал. Идејата за овој потфат се појавува кога неговиот дерматолог д-р. Паркер (Шерон Стоун) предложува да има “тројка” со неа и нејзината прекрасна пријателка Селим (Софија Вергара). Кога во сето тоа ќе се вклучи и необичната Авигал (Ванеса Паради), вдовица на хасидскиот рабин, фиоравантовиот нов свет станува се повозбудлив.

маркетинг


Select
Ознаки: ,