ВО СОУ „ДИМИТАР ВЛАХОВ“-СТРУМИЦА ОДРЖАНО ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА „ДРОГА И АЛКОХОЛ“

 

На 07. 03.2018 (среда) во средношколскиот интернат „Димитар Влахов“ под менторство на професорите Катерина Аџи-Скерлева и Петар Манолев се одржа предавање на тема „Дрога и алкохол“.
Предавачи беа едукаторите Билјана Мицева социјален работник/семеен терапевт и Елена Стојкова психолог/КБТ советник од здружението Избор-Струмица. Предавањето го следеа 24 ученици.Преку објаснување на поимот дрога како психоактивна супстанца постепено се навлегуваше во оваа тематика. Како се почнува со нејзиното користење па се до фазата на зависнот од неа.Беа опишани дејствата на повеќето видови дроги: канабис, хероин, кокаин, екстази, цигари. Се зборуваше и за алкохолот, како дејствува врз телото на човекот,како организмот реагира од прекумерна употреба на алкохол.
Едукативните предавања завршија со кратка вежба каде поделени во мали групи и работа на недовршени текстови учениците дискутираа како ќе се снајдат во одредени ситуации од секојдневниот живот.

маркетинг


Select
Ознаки: ,