ВО НЕДЕЛАТА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ КНИГАТА „ВЕЛИКИОТ ПОКАЕН КАНОН“

Деновиве, во Неделата на света Марија Египетска, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум излезе од печат „Великиот покаен канон“ на свети Андреј Критски, во издание на Манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски
свештеномаченици“, Струмица.

Книгата е издадена по повод шеесет години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, и е посветена на света Марија Египетска.

Песна 6

Ирмос: Ме отфрли во длабочината на срцето морско и од ропството на смртта ме спаси, Спасителу, и од оковите на беззаконијата мои ме ослободи.

Припев: Слава Ти, Боже наш, слава Ти!

Си запрашал каде сум, Сезналецу, си ме исплакал, Спасителу, како Човек по природа, и мене, мртвиот, ме подигна со повелението Твое.
Ме повика, Спасителу, од адот најдолен – повика Лазар кон Тебе, Разрушителу на адот – и мене, мртвиот, ме подигна со повелението Твое.
Си ме облекол, Спасителу, во тело земјено и живот си ми вдахнал, и светлината Твоја ја видов, и мене, мртвиот, ме подигна со повелението Твое.
Безживотниот образ на плотта моја си го оживеал, Спасителу, и си ме зацврстил со коски и жили, и мене, мртвиот, ме подигна со повелението Твое.
Ја раскина сепроголтувачката утроба адска и ме грабна, Спасителу, со крепоста Твоја, и мене, мртвиот, ме подигна со повелението Твое.
Си ја зел на Себе, Спасителу, сета моја смеса, и чиста си ја сочувал утробата пречиста, низ која воплотен си минал, Ти Кој си Едниот од Троица.

Слава, троичен: Троице Света, го прославувам милосрдието Твое и со ангелите трисвета песна Ти пеам: Помилуј ги душите наши, нам, кои Те воспеваме.
И сега, богородичен: Во пречистата утроба Твоја се всели Словото, сочувувајќи ја, Богородице, и по рождеството чиста. Чудо, навистина преславно!

маркетинг


Select
Ознаки: , ,