Во недела, планинарски марш „По патеките на Мис Стон“

Во недела, 25.05.2014 година, во организација на Планинарско алпинистичко еколошкото друштво „Маратон“ од Струмица и во партнерство со општина Василево ќе се одржи планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“.

mis

Превозот од Струмица и Василево до брана Турија, од каде што потоа ќе се продолжи пеш, е организарин и ќе се одвива со комбиња чие поаѓање ќе биде од пред трговскиот центар „Глобал“ во Струмица во 07,00 часот и од пред зградата на општина Василево. 

Маршрутата на пешачење е од брана Турија до селото Нивичино и одбратно, односно патеката по која се движела американската мисионерка Мис Стон на патот од своето заробеништво до слободата. 

Планинарскиот маш „По патеките на Мис Стон“ се одржува по трет пат со интенција истиот да прерасне во традиција. Во таа насока е и партнерството и поддршката од страна на општина Василево која во функција на развојот на еко туризмот има планирано и веќе презема одредени конкретни активности во насока на уредување на патеката.

Организаторите ги покануваат љубителите на природата да им се придружат и да ги запознаат убавините на овој дел од планината Огражден и врвот Готен и да ги збогатат своето сознанија за еден историски настан што се случил токму овде

маркетинг


Select
Ознаки: , ,