ВИДЕО: Школата за кавал во рамките на НУЦК “ Антон Панов” – Струмица повторно врши нови уписи

kaval3-1

Известување за сите љубители на кавалот и на традиционалните инструменти дека музичката работилница односно школата за кавал во рамките на НУЦК “ Антон Панов” – Струмица повторно врши нови уписи. Сите заинтересирани и љубители на кавалот без разлика на возраста ќе можат бесплатно да научат да свират на кавал на часовите кои ќе се одржуваат во просториите на НУЦК “Антон Панов” – Струмица. Заинтересираните за изучување на кавалот за запишување во школата и за повеќе информации можат да се јават и информираат на тел. 070/ 645 730 (Ристе Гогов) или директно да се пријават секој вторник од 19:00 во НУЦК.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,