ВИДЕО: Каква АТРАКЦИЈА – Струмичанецот Јани Атанасов даде гол со „ножички“ против Англија!

 

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години рано во натпреварот дојде до предност против големиот фаворит Англија (0-1), на атрактивен начин, со погодок на Јани Атанасов.

Фудбалерот на Академија Пандев успеа да го надмудри противничкиот голман уште во 3. минута од мечот. Еден од лидерите на оваа репрезентација погоди атрактивно, со ножички, откако одлично доби топка од Тодороски кој нафрли од десната страна и реагираше во стил на вистински гол-играч.

Нашите надежи ги загубија сите шанси за пласман на ЕП, а дуелот со „гордиот албион“ е само за престиж. Погодокот на Јани Атанасов е најубавиот во досегашниот дел на елитниот турнир од квалификациите на УЕФА за ЕП кој се игра во Скопје.

маркетинг


Select
Ознаки: ,