ВИДЕО: ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ВО ПОСЕТА НА РЕГИОНОТ


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски минатата недела беше во посета на југоисточниот регион. Тој ги посети Струмица, местните комитети во градот, населенот место Вељуса, продолжи со посета на општините Василево, Ново Село и Босилово. Ги посети и Радовиш, Конче, Валандово. Теренските посетите на Мицковски низ државата продолжуваат во текот на месецот.

“Моја задача и задача на мојот тим преку ваквите посети е да го слушнеме гласот на народот, да размениме мислења кои за мене, но и за ВМРО ДПМНЕ се корисни.
Особено во овој период кога отпочнуваме со создавање на Програма која ќе понуди квалитетни решенија и ќе биде вистинска алтернатива, наспроти хаосот кој го живее Македонскиот граѓанин, а креиран од оваа неспособна влада. Македонската економија е зафатена од вистинско цунами кое се нарекува Зоран Заев и што порано се порази, тоа ќе биде подобро за сите кои сакаат подобра иднина, затоа што Македонија заслужува подобро!” – изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Од средбите со граѓани.Македонија заслужува подобро!

Posted by ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО on Sunday, 25 March 2018

маркетинг


Select
Ознаки: ,