(ВИДЕО) БЛАЖО ВЕЛКОВ: Ново Село нема да се претвори во зона за гангстерски пресметки

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ на општина Ново Село, Блажо Велков денеска на прес конференција за медиумите реагираше на начинот на водење на предизборната кампања од страна на СДСМ и злоупотребата на државните институци за вршење притисок врз граѓаните и во партиски цели.
 
Имено, во текот на неделава тројца активисти на ВМРО-ДПМНЕ од општина Ново Село беа приведени од страна на полицијата и повеќе од 6 часа беа држани во просториите на СВР – Струмица.
 
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека е симптоматично тоа што во исто време во Република Македонија, партизираната полиција на Оливер Спасовски и Зоран Заев води хајка против повеќе кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои е и кандидатот за градоначалник на општина Ново Село, Блажо Велков.
 
Немањето капацитет и визија за раководење со државата, СДСМ се обидува да го купира со лаги, притисоци и закани врз гласачите. Овие притисоци се надоврзуваат на изборниот и постизборниот инжињеринг што СДСМ го спроведе со поддршка на албанското радикално подземје и странскиот фактор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,