(ВИДЕО) Апели Васко да добие нормални услови за живот и да се врати во училишните клупи

Кога судбината ќе си поигра со едно семејство , децата се најголемите жртви, така е и во случајот на Васко Тасев, 15 годишно момче од Струмица кое моментално ја има најголемата потреба од помош како од хуманите граѓани така и од институциите. Васко е третото и најмало дете од семејството Тасеви, единственото кое поради сплет на околности приморано е да питачи низ градот за после неколку години да заврши во домот за ЗГРИЖУВАЊЕ ДЕЦА СО ВОСПИТНО-СОЦИЈАЛНИ ПРОБЛЕМИ 25 мај во Скопје каде поминува 2 години . Пред 8 месеци неговиот татко успева да го земе кај себе. Но, бидејќи тој моментално е без работа и во многу тешка финансиска состојба, не е во можност да му ги овозможи најосновните потреби.

Струмичани младото дете честопати го среќаваа како проси низ градот. Токму во таква ситуација за првпат го запознала Анета од здружението „Љубезност“ која заедно со својот сопруг први го објавија овој случај јавно и ја покренаа иницијативата за помош на Васко и неговиот татко . Сега тие се целосно посветени на негова реинтеграција, а перидоов додека ги чекаат потребните донации , работат со него секоја вечер и го подготвуваат за полагање испити и упис во средно училиште.

Откако сторијата за Васко вчера за првпат се појави на социјалните мрежи стотина граѓани ширум македонија се јавиле за помош во секаква форма, но она што и волонтерите од Љубезност го истакнуваат е дека по обезбедувањето на основните услови за живот, најважно таткото ке најде достојна рабтоа , а Васко ќе се врати во образовниот процес и ќе продолжи со нормален живот.

 

Да помогнеме на Васко да добие нормални услови за живот и да с…

АПЕЛ ЗА ПОМОШДа помогнеме на Васко да добие нормални услови за живот ☎ 077 892 242Видео: Телеканал А1СПОДЕЛУВАЈТЕ!

Posted by Gledy on Friday, 9 June 2017

маркетинг


Select
Ознаки: , ,