ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК- ЧИТАЊЕ НА 12-ТЕ ЕВАНГЕЛИЈА ВО СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Со осветување на Маслото и Елејот утринава во Соборниот Храм Свети Кирил и Медотиј во Струмичката Епархија започна чествувањето на трите најголеми денови пред Велигден. Велики четврток, Велики Петок и Воскресната сабота пред Велигден. На Велики четврток во Соборниот храм вечерва со почеток од 18 часот ќе започне службата со читање на 12-те Евангелија. Преку нив верниците се присутни и сведочат за предавството, Тајната вечера, судењето на Христос пред Синедрионот, судењето пред Пилат, измачувањето и носењето на Крстот до Голгота, Распнувањето и смртта на Крстот до запечатувањето на Гробот.

Одзвонувањето на камбаната го одбројува бројот на евангелијата и го најавува секој нареден настан. На средина од Храмот вечерва се поставува Иконостасот на Распетието пред кој верниците се поклонуваат!

Струмица денес најавува професионални фотогалерии од овие денови на Велигденски празнувања!

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,