Вечерва, спектакл во Селект кој не смеете да го пропуштите!

„Be My Valentine“ е пораката под која вечерва ќе се обединат многу позитивни емоции, заљубени двојки, трагачи по големата љубов и уживатели на доброто вино. Местото на настанот е секако Кафе Бар Селект место докажано за најдобрите забави во градот.Новиот клубски label Mosquito и најгледаниот естраден магазин во Македонија, Бекстејџ оваа година со одлична организација ќе ги изненади струмичани и присутните во Селект.

selekt

Идејата за настанот „Be My Valentine“ е со својот оригинален концепт, за празникот на љубовта и виното да понуди различно, урбано шоу како дел од новите трендови на клубскиот живот. Амбиентот на забавата ќе го надополни празничниот декор на клубот, многу ефекти, изненадувања и подароци за присутните. Домаќин на настанот ќе биде Ангела Русо која активно ќе ги вклучи посетителите во програмата. А таа ќе започне уште од врата. Заљубените двојки на самиот влез ќе имаат можност со оригинална фотографија во романтична сценографија да ја покажат својата љубов. Најубавата двојка на вечерта ќе добие професионална фотосесија во Backstage. За највпечатливата и најзаљубена двојка пак организаторите имаат подготвено романтичен викенд во Хотел Мараја во Банско.

Православниот празник Св.Трифун ќе биде прославен  со натпревар во пиење на вино. Најуспешните ќе заминат дома со големи количества на вино.

маркетинг


Select
Ознаки: ,