„Ultraviolence“ – новата песна на Лана Дел Реј

Лана Дел Реј постепено им открива на фановите што се крие на нејзиниот нов албум. 27-годишната пејачка ја објави меланхоличната балада „Ultraviolence“.

Во текстот на песната се зборува за проблематична љубовна врска и физичко насилство. „I can hear sirens, sirens / He hit me and it felt like a kiss / I can hear violins, violins / Give me all of that ultraviolence“ – се вели во рефренот на Лана.

Текстот цитира дел од контроверзната песна на The Crystals „He Hit Me (It Felt Like a Kiss)“, па очекувано започнаа дискусии за тоа дали Лана го глорифицира семејното насилство.

Новиот албум на Лана „Ultraviolence“ ќе биде пуштен во продажба во текот на овој месец.

маркетинг


Select
Ознаки: ,