5 места во Струмица кои мора да ги посетите

Струмица несомнено е град со восхитна убавина, љубезни домаќини, светло изгрејсонце, вкусна храна..Царевите кули заштитнички издигнати над градот даваат показ на незаборавот кон нашите историски светлини. Широкиот плоштад, зеленилата, продавниците..собрани на едно место создаваат незаменлива глетка на град со долга традиција, култура и углед. Во продолжение, за сите посетители и домаќини кои ќе сакаат да ги прошетат своите гости низ градот и околината, предлагаме 5 места.

1.Историскиот музеј во Струмица

Во музејот се наоѓа поставка “Струмица и струмичко низ вековите”, во која се изложени  3200 предмети од археолошки, историски и етнолошки карактер. Поставката ја следи историјата на Струмица и регионот низ времето преку изложените предмети, почнувајќи од праисторијата,  железновременските, античките, римските и средновековните и османлиските белези, преродбенскиот период, балканските и Првата светска војна, периодот помеѓу двете светски војни се до завршетокот на Втората светска војна. Покрај овие артефакти овде се изложени и предмети од етнолошката поставка со приказ на рурален и урбан карактер на изложбата како и посебен приказ на казанџиството како еден од најважните занаети во Струмица.

arhitektura3

2.Спомен Костурницата

Спомен Костурницата во Струмица која се наоѓа на ридот Самораница, на надморска височина од 327 метри претставува нем сведок за почитта и незаборавот кон животот и делото на загинатите борци на НОВ. Сместена е во стариот дел од градот, во изолирана и пријатна атмосфера, распрегната меѓу минатото и иднината цели кон давање показ на незаборавот на една од многуте наши историски светлини.

12714198_1116960314989145_1336921618_n

3.Цареви Кули

Струмичко Кале или Цареви кули — тврдина од XI век која се наоѓа над градот Струмица.Ова кале се наоѓа на надморска височина од 445 метри и од таму е можна прегледност и контрола над целата струмичка котлина. Во периодот од 986-1018 година, калето претставувало престолнина на цар Самиул.

carevi-kuli1

4.Манастир Св.Илија

Свети Илија — манастир посветен на пророкот Илија на планината Еленица, на околу 4 км од градот Струмица. Манастирот бил изграден во 16 век, но се смета дека претходно на истото место постоел друг манастир којшто датирал уште од порано. Уште поубаво ќе си поминете доколку местото го посетите на 2 август, кога локалното население се искачува уште во раните утрински часови и го прославува националниот празник Илинден , а истовремено и Св.Илија. Се дели ручек, се прави скара и се пеат македонски народни песни.

Manastir_sv.Ilija

5.Манастир Св.Богородица Елеуса

Според изворно богатата историска документација зачувана за овој манастир (присутни во Светогорскиот манастир Ивирон) оваа црква го зазема едно од најзначајните места во црковната и културната историја на Македонија.„Св. Богородица Елеуса (Милостива)“ или Вељушки манастир — манастир во селото Вељуса,  се наоѓа 7 км западно од Струмица. Со пријатната и смирувачка атмосфера, разладувачкиот воздух поради поголемата надморска височина и зеленилото привлекува бројни посетители кои овде го бараат својот духовен мир.

800px-72_2_монастырь_Велюса

маркетинг


Select
Ознаки: , , , , , , , ,