Трајче Ѓоргиев станува „Златно славејче“

На јубилејната прослава од 45 годишното постоење на Златно Славејче на 19,20 и 21 ноември, нашата најмала музичка ѕвезда, Трајче Ѓоргиев ќе ја промовира својата прва песна.  Момчето кое го знае и му се воодушевува веќе цел Балкан, започнува да ја гради својата кариера во родната земја.

12122574_1506895219621223_5917651409744151919_n

Златно славејче е македонски музички фестивал за деца основан во 1970 година, организиран од Советот за грижи и воспитување на децата на град Скопје. ,,Еј, гулаби, бели”, ,,Дувна ветре развигорче”, ,,Ми подари птицата песна”, ,,Кајче”, „Ех, тој Тоше”, ,,Мојата учителка”, ,,Никола, Никола”…  и многу други песнички се уште се пеат на роденденските забави, во предучилишните установи, во училиштата и во центрите за детско културно творештво, во детските одморалишта… и секаде каде што децата растат, учат и се дружат. Денес со продукција на повеќе од 700 композиции, со својата уметничка и воспитно-образовна функција, фестивалот ,,Златно славејче” стана реномирана културна институција, достоинство на македонската култура воопшто.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,