Трајче Ѓоргиев со емотивен статус посветен на Тоше

Младиот Трајче Ѓоргиев по повод 8 години од смртта на Тоше Проески на својот фејсбук профил изрази почит, преку игра на зборови во која беа вплетени наслови од песните на Тоше.

Untitled

Еве што напиша Трајче:

‪#‎ЗоштоОтиде‬ Тоше? Си велам ‪#‎ИмаЛиДенЗаНас‬, за повторно ние да го видиме твојот лик? Не постои веќе тој ден, замина со тебе. И тој ден остави по една ‪#‎СобаЗаТага‬ за тебе. Но повторно ‪#‎ГоМоламНоќваНеботоДаМиТеВрати‬, па ајде Тоше ‪#‎ИзлажиМе‬ уште еднаш и врати се ‪#‎НекадеВоНоќта‬. Барем на миг, за еден последен момент врати се. Понекогаш се лажам дека можеби е потребна само ‪#‎УштеЕднаСкала‬ за да дофатам една ‪#‎МорскаЅвезда‬ и да ја пратам ‪#‎ПоТебе‬ Тоше за да ми каже ‪#‎СреќенЛиСиТи‬ таму горе. Повторни ‪#‎Илузија‬ ми го помати умот, започнувајќи една ‪#‎ИграБезГраница‬ со моите желби. Денес само ‪#‎ДушаОстана‬ за ‪#‎СолзиДаПраватЗлатенПрстен‬ за тоа што повеќе нема кому вистински да упатиме “Среќен Роденден“, а тој да ни возврати со “Благодарам и ве сакам сите“…Бев ‪#‎Малечка‬ кога замина, но сега сфатив што всушност си ти. Покрај сите луѓе си бил човек кој никој неможе да го замени. Проклето да е ‪#‎МестотоНаЗлосторот‬, проклет нека е денот кој ни остави едноставно само спомените да не удираат силно како ‪#‎ГромовиНаДуша‬. Боли помислата дека повеќе го нема твојот дух Тоше, но затоа тука зад тебе се твоите дела и песни кои го величат твоето постоење и кои ќе живеат вечно. Делата го прават човекот бессмретн, па затоа ти ќе живееш засекогаш во нашите срца, затоа што човекот по делата се памти. Ти благодарам за тоа што успеа да му покажеш на светот што значи да си човек во вистинска смисла на зборот. ‪#‎СвеЈеОвоПремалоЗаКрај‬ за тебе голем човеку.
Како вчера да беше денот кога почина,Почивај во Мир Тоше.. Те сакаме сите и ѕвездено небо ти праќаме.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,