Традиционален планинарски марш во чест на претседателот Борис Трајковски

ПАОК „ЕНТУЗИЈАСТ“ Струмица по единаесети пат оваа година ќе го организира традиционалниот планинарски марш во чест на претседателот на Р. Македонија Борис Трајковски.

P1040121

Маршот ќе се одвива во два дела:

Првиот дел од Струмица до Скопје ќе се изведе во четири етапи со учество на планинари од: Струмица, Радовиш, Гевгелија, Валандово и Неготино.

– 22.02.2016г. (понеделник) тргнување во 10 часот од пред споменикот на Борис Трајковски во градскиот парк во Струмица, преку Ангелци, Седларци, Трибичино до Дедино каде се спие.
– 23.02.2016г. (вторник) тргнување од с. Дедино преку Дамнјан, покрај рудник Бучим, с.Љуботен до Штип каде се спие.
– 24.02.2016г. (среда) тргнување од Штип преку Три Чешми,Свети Николе до Ѓуриште каде се спие.
– 25.02.2016г. (четврток)тргнување од Ѓуриште до Скопје – Маџари каде се спие.
– 26.02.2016г. (петок) тргнување од Маџари преку Автокоманда, Железара до гробишта Бутел, пристигнување 12 часот кога ќе се одржува чествувањето на гробот на Борис Трајковски.
Целата патека е во должина од околу 200 км. во сите етапи планинарите ќе ги придружува возило со храна и друга опрема. Планирано е да учествуват 15 планинари кои ќе ја поминат целата траса, во првата етапа ќе земат учество повеке планинари од Струмица и Радовиш.

Вториот дел во чест на Претседателот Борис Трајковски ќе се реализира со маршот на планината Беласица, должината на патеката 35 км.со искачување на врвот „Борис Трајковски – Ботра” 1880 м.н.в.со учество на 80 планинари од: Струмица,Скопје,Радовиш, Валандово, Гевгелија, Петрич, Сандански. Русе и Софија – Бугарија.

– 20.02.2016г. (сабота) Тргнување во 11 часот од село Смоларе до планинарски дом „Шарена чешма“ пристигнување 14 часот, спиење во планинарскиот дом.
– 21.02.2016г. (недела) тргнување во 6 часот, пристигнување 10 часот на врвот „Борис Трајковски – Ботра“1880 м.н.в., сеќавање и одавање почит на претседателот Борис Трајковски, враќање на домот,  ручек и враќање во Смоларе.

За сите учесници организаторот обезбедува храна и маици со ликот на Борис Трајковски.

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,