ТАЊА БОШКОВИЌ: Возвишено е тоа што Струмица и овој фестивал го чуваат името на Ристо Шишков

Македонскиот интернет портал Офнет направи интервју со актрерката Тања Бошковиќ. Таа одговара на неколку прашања меѓу кои и споделува и впечатоцио од Струмица и фестивалот на камерен театар Ристо Шишков.

„Ах, Тања Бошковиќ“ гласеше некогаш консензуалната реакција на спомнувањето на нејзиното име. Денес е во пензија но глуми со полн здив, силна и самосвесна каква што отсекогаш била. Сјајот во нејзините очи кој некогаш доаѓаше од младоста, денес се раѓа во пронајдениот мир во душата. Горда е на своите деца, се грижи за родителите чија меѓусебна љубов никогаш не успеала да ја преслика во својот живот, пасионирано прати спорт и навива, готви, прави забави, пуши и… и одамна ѝ е јасно дека на луѓе секогаш ќе им биде полесно да воздивнуваат по некоја своја Тања Бошковиќ отколку да се свртат и вистински да сакаат некого покрај себе. – стои во објавата на Офнет.

OФНЕТ: По долго години, минатата есен ја посетивте Македонија, за да ја примите наградата за високо актерско остварување на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков. Ве радуваат ли наградите, признанијата…?

Тања Бошковиќ: Вистина, многу години поминаа од мојата последна посета кога во Охрид ја игравме преставата „Троил и Кресида“ на Шекспир. Бев пријатно изненадена и многу возбудена кога слушнав дека награда добивам јас, меѓу педесетината мои колеги од 15-тина балкански театри. Возвишено е тоа што Струмица и овој фестивал го чуваат името на Ристо Шишков, и на ваков начин му оддаваат почит. Тој беше голем, прерано заминат актер, и човек кој се бореше за достоинството на нашата професија. Што се однесува до мене, откако видов кој сè бил лауреат, прво што помислив е дека јас тоа не го заслужувам.

Целото интервју со Тања Бошковиќ погледнете го на следниот ЛИНК

маркетинг


Select
Ознаки: ,