Католиците го слават Велигден!

  Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во Македонија, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија. Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов им го честиташе празникот ...

Денеска е Лазарица, најубав празник на детската радост: Не заборавајте да го направите ова!

  Саботата пред Цветници се вика Лазарева сабота или Лазарица. Според преданието во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата. Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ...

Денеска е Источен Петок – Балаклија, петокот по Велигден

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок. Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. ...

Христијаните слават втор ден Велигден

И православните и католичките христијани денеска слават втор ден Велигден, кој е државен празник и неработен ден во Република Македонија. Воскресението Христово завчера на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а Велигденска миса беше одржана во католичката црква Срце Исусово. Празнувањето продолжува со воскресенски литургии. Архиепископот охридски ...

Католичките верници во Струмица го прославија Велигден

Католичките верници се собраа во катедралната црква „Успение на пресвета Богородица“ во Струмица на свечена литургија за да го прослават големиот христијански празник Велигден. Со мисата чиноначалствуваше бискипот Киро Стојанов, кој го нагласи големото значење на жртвата која Синот Божји ја дал за човештвото. – Што ни значи овој наш собир на оваа света литургија? Ни значи ...

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Во Струмица со биење на камбаните се означи Воскресението Христово

Православните христијани од целиот свет го слават Христовото Воскресение, ден кој што е еден од најголемите христијански празници. Илјадници граѓани, гости и туристи синоќа во сите цркви во Струмица дојдоа да ги слушнат звуците на камбаните кои на полноќ го означија Христовото Вокресение – Велигден. Така беше и во сите православни храмови во Струмица, каде што река од православни ...

Велигденска честитка од градоначалникот на општина Ново Село

Почитувани сограѓани..! Со разгорувањето на пламенот на Велигденските свеќи, во нашите домови ја носиме веста за Христовото воскресение. Но, на празничноста на воскресението и претходат тешки денови низ кои се сеќаваме на страдањата и мачењето на нашиот спасител. Тоа директно и најсликовито ни покажува дека колку и да е мал нечиј успех или колку и да е божествена неговата природа, ...

Со првото јајце на дечињата им се прави „Црвено-бело“ – еве што значи секоја боја

Велики Четврток — ден од Страдалната Седмица. Според источното христијанство тој е шестти ден од Страсната Седмица, односно пет дена по Лазаровата Сабота и четири по Цветници. А споредзападното христијанство тој е петти ден од страсната седмица, односно четири дена по Цветници. На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни,Првосвештеничката ...

Велигденска честитка од градоначалникот на општина Василево

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов по повод Велигденските празници упати честитка до своите сограѓани, верници од православна и католичка вероисповед. Почитувани сограѓани, верници од православна и католичка вероисповед, драги Христијани! Во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден – Воскресение Христово, од мое лично име и од име на општина Василево ...

На Велигден се исполнуваат сите љубовни верувања- ноќта пред празникот направете го ова

Православните верници утре го празнуваат најголемиот празник Велигден. Со овој ден се поврзани многу обичаи и адети на македонската традиција. Старите Македонци верувале дека ноќта спроти Велигден треба да донесете вода од бунар или пуштете директно од чешмата во кујната. Со оваа вода испрскајте ги собите и особено внимателно – градината и цвеќињата. На овој начин се изгонуваат ...