(видео) Трајче Ѓоргиев со златен медал на Турската Олимпијада 2017

МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС: Младиот Трајче Ѓоргиев од Струмица, викендов во најдобро светло се престави пред турската публика и освои златен медал на Турската Олимпијада. За неговите успеси и патешествија, Траче вели: „Драги мои, помина цел месец исполнет со прекрасни и незаборавни моменти, месец исполнет со патувања и нови стекнати искуства. Помина втората моја мала турнеја која започна со ...

(ВИДЕО) Трајче Ѓоргиев и Калиопи во еден глас – Не заборавај

Нашиот веќе добро познат млад струмичанец досега ја имаше честа да настапи со многу македонски музички имиња. Композицијата „Не заборавај“ во еден глас ја испеја со Калиопи носејќи се рамо до рамо со нејзините извонредни вокални способности. Како звучи „Само за тебе јас пеев само за тебе се смеев…“ во дует слушнете на видеото:

Трајче Ѓоргиев дел од „Најпозитивниот концерт на годината“

Вчеравечер во Сава центарот во Белград се одржа т.н. „Најпозитивен концерт на годината“ на малите, но големи пинкови ѕвездички. Сите учесници од првата сезона настапија, а меѓу нив и нашиот Трајче Ѓоргиев кој заврши второпласиран на натпреварувањето. Многу наскоро читателите ќе може да го погледнат и неговиот настап од синоќешниот концерт.

Трајче Ѓоргиев станува „Златно славејче“

На јубилејната прослава од 45 годишното постоење на Златно Славејче на 19,20 и 21 ноември, нашата најмала музичка ѕвезда, Трајче Ѓоргиев ќе ја промовира својата прва песна.  Момчето кое го знае и му се воодушевува веќе цел Балкан, започнува да ја гради својата кариера во родната земја. Златно славејче е македонски музички фестивал за деца основан во 1970 година, организиран од Советот за ...

Трајче Ѓоргиев со емотивен статус посветен на Тоше

Младиот Трајче Ѓоргиев по повод 8 години од смртта на Тоше Проески на својот фејсбук профил изрази почит, преку игра на зборови во која беа вплетени наслови од песните на Тоше. Еве што напиша Трајче: ‪#‎ЗоштоОтиде‬ Тоше? Си велам ‪#‎ИмаЛиДенЗаНас‬, за повторно ние да го видиме твојот лик? Не постои веќе тој ден, замина со тебе. И тој ден остави по една ‪#‎СобаЗаТага‬ за тебе. Но повторно ...

Погледнете како изгледаше првиот јавен настап на Трајче Ѓоргиев

Трајче Ѓоргиев веќе е добро познат за струмичката публика, а секако преку Ѕвездичките на Пинк се прослави и на Балканот. Но секогаш е добро да се потсетиме на почетоците. На својот прв јавен настап Трајче ја исполнува More than this од бендот One Direction. Погледнете како изгледаше тоа:

Трајче Ѓоргиев повторно блесна на ОПЕН Фест

Трајче Ѓоргиев и вечерва блесна струмичката сцена. Трајче и официјално ги отвори трите главни вечери од овој фестивал. Неговиот настап ги загреа струмичани за големите и звучни имиња кои ќе настапуваат во најубавите три дена од ова лето. Младешкиот дух донесе енергија и ведрина меѓу струмичани. Публиката и вечерва уживаше и пееше заедно со Трајче.

ВИДЕО: Трајче Ѓоргиев зборува за отворањето на Струмица Опен Фестивал

Денес во 12:00 часот во Младинскиот совет Трајче Ѓоргиев зборуваше за својот настап по повод големото отворање на ОПЕН Фест сцената. За него тоа претставува огромна чест. Исто така тој упати апел до струмичани да присуствуваат и да се забавуваат. Погледнете ја изјавата на Трајче:    

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Трајче Ѓоргиев и „ЈО-ЈО” ѕвездичките направија фотосесија за ,,Струмка”

Заврши фотосесијата на “Струмка” со Трајче Горгиев и “Јо-Јо” ѕвездичките,  во соработка со студиo  “Dj”. Фотосесијата ја направи фотографот Столе Ангелов. Тие се “ѕвездички” под Струмичкото небо…. Таа е освежителна, неодолива, традиционална “Струмка” ……. Погледнете уште една од успешните приказни за спојот на младите си традицијата Продолжуваме …..