НАСКОРО: „ТРОШКИ НАДЕЖ“ – театарска претстава во изведба на учениците од гимназијата „Јане Сандански“

  Во тек се подготовките за претставата „Трошки надеж“ која изминативе месеци ја подготвуваат ученици од струмичката гимназија „Јане Сандански“. Сценариото за претставата го напиша ученичка од четврта година Викторија Панова, а во тоа и помогнаа и Моника Котева и Надица Трајкова под менторство на професорката по Драмска уметност Ѓургица Костадиновска. Претставата ќе биде изведена ...

(ФОТО) Спомен Костурницата во Струмица ја изеде забот на времето и негрижата

Спомен Костурницата во Струмица која се наоѓа на ридот Самораница, на надморска височина од 327 метри претставува нем сведок за почитта и незаборавот кон животот и делото на загинатите борци на НОВ. Сместена е во стариот дел од градот, во изолирана и пријатна атмосфера, распрегната меѓу минатото и иднината цели кон давање показ на незаборавот на една од многуте наши историски светлини. ...

МЛАДИОТ СТРУМИЧКИ УМЕТНИК ТАШЕ ПЕФЌЕВ НА 25 МАРТ ВО НУЦК „АНТОН ПАНОВ“ ЌЕ ЈА ОДРЖИ СВОЈАТА ПРВА ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНИ ДЕЛА

Младиот струмички уметник Таше Пефќев кој има само 17 години а со своето творештво веќе навлегува во зрелиот уметнички свет, на 25 март со почеток во 19:00 часот во просториите на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица ќе ја одржи својата прва изложба на ликовни дела. Пефќев на присутните ќе им претстави 18 уметнички дела за кој како што вели тој се изработени со голема љубов и внимание. Инаку, Таше ...

(ФОТОГАЛЕРИЈА) СПОДЕЛУВАЈТЕ СИТЕ: ТРОЈЦА БОЛНИ БРАЌА ВО СТРУМИЦА ЖИВЕАТ БЕДНО-ПОТРЕБНА ИМ Е НАША ПОМОШ!

  Без основни услови за живот, во куќа полна со влага и кров кој и при најслаб дожд  прокиснува од секаде , вака живеат тројца браќа од Струмица.  Подовите им се само гол бетон, креветите на кои спијат во распаѓање, а како кујна ја користат руинираната бања . И тројцата се со здравстевни проблеми и неспособни за работа, а единствениот приход им е социјалната помош од 3800 денари.   Лошата ...

Работи кои ги има само во Струмица

1. Само во Струмица можеш да учиш медицина во „земјоделското“ 2. Струмица е град во којшто комшиите знаат дупло повеќе за тебе отколку самиот ти, дали си пред развод, колку време си во врска со швалерката и кој те донел до дома. Друга тема пак е кој каде бил на одмор и колку багаж земал со него. Да не се спомнуваат пак дискусиите поврзани со тоа колку народ имало на свадба, што имало за ...

Туристичкиот комплекс „Бела Вода“ – Рај на земјата

Сите ние постојано велиме дека Македонија е прекрасна, но голем број од нас, всушност, не ја виделе таа убавина со свои очи. Затоа треба да се искористи секој слободен момент и убавото време и да се организира незаборавна еднодневна екскурзија или еден викенд за нас и за нашите најблиски на место каде што не сме биле никогаш досега. На тој начин барем малку подобро ќе ја запознаеме Македонија ...

Струмица во времето на Југославија

Повеќето од луѓето во Струмица па и во останатите градови жалат по Југославија. Велат дека животот бил многу помирен, немало никакви немири, секој бил вработен и можел да го издржува своето семејство. По повод вчерашниот ден 25 Мај – ден на младоста во Титовата Југославија еве како изгледала прославата или манифестацијата во нашата Струмица. ФОТО: СТАРА СТРУМИЦА

(ФОТОГАЛЕРИЈА) НОВО ВО ГРАДОТ: ПО ПОВОД 20 ГОДИНИ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ, „ЖАНИНА“ ОТВОРИ УШТЕ ЕДНА АПТЕКА ВО СТРУМИЦА!

По повод 20 години од своето постоење, „Жанина“ – аптеката која добро им е позната скоро на сите струмичани синоќа на улицата „Мајка Тереза“ бр.3 во населбата „Карпош“ во Струмица отвори уште една своја аптека која ќе им служи на жителите од овој регион па и пошироко. На официјалното отварање на аптеката „Жанина 2“ присуствуваа многу гости, а само да напоменеме дека првата аптека ...

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ВАСЕ НАКОВ – СТРУМИЧКИОТ РАКОМЕТЕН ТАЛЕНТ ЗА КОЈ ДОПРВА ЌЕ СЛУШНЕ СВЕТОТ!

Седумнаесет годишниот струмичанец Васе Наков, за кого сите велат дека е вонсериски талент „растура“ со својата игра како на клубско така и на државно ниво. Во РК ВАРДАР игра  десен бек, додека пак во македонската репрезентација до 19 години десно крило. Како што спомнавме на почетокот, тој е роден во Струмица и неговиот талент е забележан токму овде во РК СТРУМИЦА. Наков беше и најмладиот ...

(ФОТО) ИЗНАЈМЕТЕ ВОЗИЛО ОД RENT A CAR EURO SKALA-СТРУМИЦА: ОД ДЕНЕС ДОСТАПНИ ЧЕТИРИ НОВИ ВОЗИЛА ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ!

Од самото формирање на компанијата, се залагаме за обезбедување на најдобра услуга при изнајмување возила. Како се менуваат потребите на нашите клиенти, така се менуваме и ние. Минуваме километри за да им помогнеме на луѓето да го добијат потребното возило. Раководени од идејата возилата од нашата понуда да ги задоволуваат сите барања на физички и правни лица, избравме ексклузивни ...