ЏАМБО АГУШЕВ ГО ОСВОЈУВА СВЕТОТ: ОВОЈПАТ ХОЛИВУД ГО СЛУШНА КВАЛИТЕТОТ НА НАШИОТ СТРУМИЧАНЕЦ!

  Нашиот струмичанец Џамбо Агушев не престанува да реди успеси и да го освојува светот со својата труба и неговиот оркестар. Пред некој ден тие беа во Америка и имаа повеќе концерти и направија нов видео спот на „улицата на славните“ во Холивуд. Уживајте! 

УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА ЗА СТРУМИЧАНЕЦОТ НИКОЛА И ЗА НЕГОВИОТ ТИМ ОНИКО!

  Нашиот струмичанец Никола не престанува да реди победи со Онико. Овојпат на мета беше екипата на Ресовиа која загуби со резултат од 3:0. „Игравме навистина добра игра и заслуживме што освоивме три поени. Сите сме среќни и горди од мојот тим за оваа победа, покажавме навистина добар квалитет. Целта е да ја завршиме сезоната на што повисоко место“-истана Никола.    

СТРУМИЧАНЕЦ ЗАРАБОТУВАЛ ГОЛЕМИ ПАРИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ, НО НЕ ГИ ПРИЈАВИЛ ВО УЈП!

  Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против К.Т. (28) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело даночно затајување’. Во текот на 2016 година пријавениот преку продажба на услуги преку социјалната мрежа Фејсбук остварил приход од 1.415.592 денари, кои ги примил преку брз трансфер на пари, но не ги навел во годишната пријава во Управата ...

За светскиот ден на поезијата струмичанецот Митко Гогов ќе гостува во Романија

  На одбележувањето на Светскиот ден на поезијата во Романија освен Митко Гогов од Македонија ќе учествуваат и Евелина Митева од Бугарија и Том Едвард Филипс од Велика Британија.  Со две поетски читања на 21 и 22 март во градовите Букурешт и Галати, македонскиот поет Митко Гогов ќе настапи во интернационалната програма која е дел од настанот посветен на Светскиот ден на поезијата. Настанот ...

(ВИДЕО) ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЖЕНАТА СКОПЈЕ СИТИ МАЛ ДОДЕЛИ 90 КАРТИ ЗА ПРЕТСТАВАТА „КЕЦ НА ДЕСЕТКА“ НА СТРУМИЧАНЕЦОТ МИТКО БОЈАЏИСКИ!

SKOPJE CITY MALL по повод празникот на жената 8 МАРТ, како дел од награднта игра “Skopje City Mall за 8ми Март ве носи на…” им додели на 90 посетители од понежниот пол карти за хит претставата на МНТ – Кец на десетка која по текст е на струмичанецот Митко Бојаџиски. Во продолжение погледнете го видеото: https://www.facebook.com/SkopjeCityMall/videos/1648863208527019/?t=0

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ПОМЕЃУ „МЕРЦЕДЕС“ И ТОВАРНО МОТОРНО ВОЗИЛО СО СТРУМИЧКИ РЕГИСТАРСКИ ОЗНАКИ

На 12.03.2018 година во 12,30 часот на патниот правец Битола – Прилеп, пред село Тополчани, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило “Мерцедес” со ресенски регистарски ознаки, управувано од С.В.(62) од Ресен, и товарно моторно возило “МАН” со струмички регистарски ознаки, управувано од В.М.(46) од Берово. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот ...

Блаже Аризанов Каспиан: Струмичанецот кој им го реши проблемот на една милијарда луѓе

Жарот за патот до Тибет бил комбинација од старата жед за авантура и малку академска љубопитност. Доколку навистина Александар Македонски има стигнато до Тибет, како би го доживеал тоа и кои мисли би му се зародиле, ни кажа на почетокот на разговорот Блаже Аризанов Каспиан, Македонецот кој со неговата идеја ги руши табуата во Индија. Тој е основач и сопственик на старт-ап компанија ...

СТРУМИЧАНЕЦ ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПОРАДИ ЛАЖЕН СТЕЧАЈ!

  Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против А.Е.(50) од Куманово, М.П.(51) од Струмица-сопственик на АД „ЗИК Скачковце“-с.Скачковце и управител на „РОЈАЛ ОРГАНИК“ ДОО – с.Скачковце, М.Џ. (67) од Куманово- управител на АД „ЗИК Скачковце“ с.Скачковце, АД „ЗИК Скачковце„ увоз-извоз с.Скачковце, Куманово и ДПЗТУ „РОЈАЛ ОРГАНИК“ ДОО увоз- извоз Куманово за сторени ...

Црномурестиот струмичанец од Финска пак ќе се докажува кај младите!

  Црномурестиот Калвин Н’Сомбо одново ќе биде дел на селективен камп на македонската младинска фудбалска репрезентација, за пак да го види селекторот Благоја Милевски дали го бива за да биде дел од селекцијата за играчи до 21 година, откако неговото име се најде на списокот за задутрешниот меч со Работнички. Н’Сомбо е Конгоанец по татко, кој е роден во Финска, но кој има македонско ...