Со средства од општинскиот буџет ќе се субвенционира дел од надоместокот за приклучок на гасоводниот систем

Со средства од буџетот на општина Струмица ќе се субвенционира дел од надоместокот за стандарден приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем на Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица – гас“. Зелено светло на оваа одлука дадоа членовите на Советот на општина Струмица на вчерашната седма седница. Делот што ќе биде субвенциониран е во износ од 100 евра по приклучок ...

ОБНОВЕНО: ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА ЗА МАЛИОТ ИГОР ГЕЛЕНЧЕВ СЕУШТЕ ТРАЕ!

Денеска објавивме вест која беше превземена од БОКИ 13 во која пишуваше дека потребните средства за лекување за малиот Игор Геленчев се соберени и дека ќе отпатува на лекување, но истата таа вест беше демантирана од страна на семејството на Геленчев информирајќи не дека хуманитарните акции сеуште се во тек и средствата не се целосно соберени. Затоа повторно ги повикуваме нашите читатели ...

Пораст на средствата за инвестиции во земјоделството

Тековно потрошените средства во земјоделството (инпут 1), во август годинава во споредба со истиот месец лани бележат намалување за 6,9 отсто, додека средствата за инвестиции (инпут 2) се зголемени за 1,2 процента. Според Државниот завод за статистика, во делот аутпут, цените на растителното производство се намалени за 3,4 отсто, а за добиточното производство два процента. Цените во земјоделството ...

Се одржа форум за прибирање средства за меѓуетничка интеграција

Во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), којшто се реализира во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука, во соработка со општините од југоисточниот регион се одржа Форум за прибирање средства од заедницата за поддршка на активностите за меѓуетничка интеграција ...

ФЗОМ ќе го плати лекувањето на Стефанија

Министерството за здравство вчера издаде позитивно решение за лекување на малата Стефанија Петрова, со кое се одобруваат средства за нејзино лекување во странство. Синоќа, во кафе-барот „Селект“ во Струмица, беше одржан хуманитарен концерт, на кој беа донирани дел од средствата, кои се потребни за лекување на Стефанија. Хуманитарниот концерт го посетија голем број струмичани, а ...

Струмичани, преку хуманитарен концерт, собираа средства за Стефанија Петрова

Лео клубот од Струмица, заедно со ноќниот клуб Селект, организираше хуманитарен концерт, кој се одржа на 12 Февруари, со цел да се помогне на малото четиригодишно девојче Стефанија Петрова која мора итно да биде оперирана на Клиниката за Детски болести во Софија. Овој операционен зафат на срцето изнесува 13800 евра, сума која што нејзиното семејство не може да си ја дозволи целосно. Сите ...

Акција на Црвениот крст: „Срцето на Ромео и Јулија во Струмица“

Волонтерите на Црвениот крст Струмица организират уште една акција за празникот Св. Валентин со мото: „Срцето на Ромео и Јулија во Струмица“. – „На акцијата ќе има мали подароци кои ќе се продават а сретствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Ќе има големо срце на кое вљубените ќе можат да го остават белегот на својата љубов. Настанот ќе биде подржан и од страна на нашата ...

Во Хрватска се собираат средства за помош во општина Ново Село

Хрватска е прва од земјите во регионот, која објави апел за помош за македонските граѓани кои претрпеа огромни штети во поплавите кои ја зафатија нашата земја во последните неколку дена. Хрватите несебично се вклучуваат во помошта кон Македонија. Акцијата првично беше иницирана од македонските иселеници во Хрватска, кои започнаа да собираат помош за поплавените во Македонија,  помош ...

ВИДЕО: УМС на ВМРО ДПМНЕ од Струмица организираше акција за собирање средства за поплавените подрачја

УМС на ВМРО ДПМНЕ од Струмица, денес се приклучи на акцијата која започна вчера од младите за поплавените, каде што на повеќеместа низ градовите во Македонија се поставени штандови, на кои сите граѓани може да донираат хуманитарни средства  како вода,  облека, хигиенски средства и друга неопходна помош за поплавените региони. Од УМС упатија апел до граѓаните што е можно повеќе да ...

Стопанска Банка ќе донира средства за хигиена за поплавените подрачја

Стопанска банка АД – Скопје ќе донира 320 пакети со средства за лична хигиена и средства за дезинфекција, за населението од поплавените региони во општините Штип, Струмица и во Пелагонискиот регион. Стопанска банка АД – Скопје како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар која е во тесна соработка со секое семејство во Македонија, се приклучи во акцијата на Црвениот Крст ...