Во првиот ден од јунскиот уписен рок во трите средни училишта се пријавиле 751 ученик

Во трите училишта за средно образование во општина Струмица, во првиот ден од првото пријавување во јунскиот уписен рок за новата 2017/2018 година, пријави поднеле 751 ученик. Најголем интерес покажале за здравствената струка-медицинска сестра, каде за 34 понудени места, конкурирале 82 ученика со завршено основно образование. Голем интерес има и за гимназиското образование за наставниот ...

Денеска започна запишувањето во средните училишта за новата учебна година

Во трите средни општински училишта денеска започна запишувањето на учениците во прва година во учебната 2017/2018 година. Завршените осмооделенци кои одлучија своето образование да го продолжат во едно од трите средни училишта пријавувањето го започнаа од 8 часот, а освен денеска, истото може да се врши и во текот на утрешниот ден од 8 до 15 часот. Резултатите од првото пријавување и запишување ...

Струмичките средни училишта ќе ја поделат првата награда на Струмичкиот карневал во категорија над 50 лица

Маските: „Ловци на соништа’’ од СОУ „Јане Сандански’’, „Каревјанци’’ од СОУ „Никола Карев’’ и „Рингишпил’’ од СОУ „Димитар Влахов’’, поради освоени еднаков број на бодови од жири комисијат, ја поделија првата награда во висина од 700 евра.    

Во струмичките средни училишта, годинава, ќе се запишат 1.316 ученици

Општина Струмица го подготви предлог-планот за упис во средните училишта во учебната 2015/16 година. Предлог планот за запишување беше усвоен на последната седница на Советот на општина Струмица. Во средните училишта во Струмица годинава ќе се запишат вкупно 1.316 ученици, во трите средни училишта. Во продлжение погледнете колку места 1. Средно општинско училиште “Јане Сандански” Струмица:   ...

Објавени се прашањата за екстерно за матурантите

Министерството за образование и наука информира дека прашањата коишто ќе бидат дел од тестовите при процесот на екстерно тестирање за учениците од завршните години во средното образование, се објавени на интернет страницата:  prasanjaeksterno.dic.edu.mk. Секој ученик може на едноставен начин, преку менито на интернет страница prasanjaeksterno.dic.edu.mk, да ги обезбеди оние прашања по предметите коишто ...

Учениците од СОУ „Јане Сандански“ најдобри кошаркари на Денот на градот

Во склоп на чествувањето на патронот на градот во салата на СОУ „Никола Карев“ беше организиран турнир во кошарка меѓу струмичките средни училишта. Првото место, супериорно, го освои екипата од СОУ „Јане Сандански“. Турнирот, затоа што беа пријавени „само“ четири екипи, почна да се игра од полуфинална фаза. Во првиот полуфинален натпревар екипата на СОУ „Јане Сандански“ ја победи ...

Здружението „НОВУС“ на работна средба во СОУ „Јане Сандански“

Здружението „НОВУС“ ги продолжува своите работни средби со претставниците на средните училишта за потребите на проектот „Биди и ТИ претприемач“. По одржаната средба со претставниците од СОУ „Никола Карев“, здружението одржа работна средба и во СОУ „Јане Сандански“, претставувано од директорката Вања Изова-Велева и професорот Борче Атанасов. На средбата се разговараше за целите ...

Втор уписен рок – 267 слободни места во средните училишта во Струмица

Во средните училишта низ Македонија денеска е втор уписен рок и нова можност  за осмоодделенците кои не се запишаа во средно на двете пријавувања во јуни. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени утре на огласните табли во училиштата. Според податоците на Министерството за образование и наука, во вториот, августовски рок, има вкупно 20.089 слободни места. Од нив, ...

Бројот на запишани ученици во средните општински училишта во првиот уписен рок

Вчера заврши запишувањето во првиот уписен рок во средните училишта за учeбната 2014/2015 година. Во гимназијата „Јане Сандански“, гимназиско образование запишани се 17 ученика, а остануваат уште 47 слободни места за вториот уписен рок кој ќе биде на 21 август. На економскиот смер во гимназијата се запишале 17 ученика и има уште 48 слободни места. Во средното општинсо училиште „Никола Карев“ ...

Уште само 316 слободни места во трите средни општински училишта

По првото пријавување во првиот уписен рок за учебната 2014/2015 година, во трите средни општински училишта во општина Струмица се запишаа 814 ученици и останаа вкупно 316 слободни места. Најголем број слободни места или 155 има во средното општинско училиште „Никола Карев“ и тоа 48 слободни места има во четиригодишното образование и 107 во тригодишното образование.Во училиштето „Јане Сандански“ ...