(ФОТО) Спомен Костурницата во Струмица ја изеде забот на времето и негрижата

Спомен Костурницата во Струмица која се наоѓа на ридот Самораница, на надморска височина од 327 метри претставува нем сведок за почитта и незаборавот кон животот и делото на загинатите борци на НОВ. Сместена е во стариот дел од градот, во изолирана и пријатна атмосфера, распрегната меѓу минатото и иднината цели кон давање показ на незаборавот на една од многуте наши историски светлини. ...

Споменик на Грабнатото бекче Назлам – бег – Струмица!

Споменикот е лоциран на тревната површина во Градскиот парк и претставува композиција од три скулптури од бетон во природна човечка големина. Доминира фигурата на Гоце Делчев, па револуционерот – комита и фигурата на Назлам, синот на струмичкиот бег. И трите фигури се поставени на плато. Авторот сакал преку овие скулптури на симболичен начин да го прикаже грабнувањето на Назлам-бег, ...

(ФОТО) ЕКСКЛУЗИВНА ФОТОГРАФИЈА ОД ПОСТАВУВАЊЕТО НА СПОМЕНИКОТ НА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО СТРУМИЦА!

Споменикот на нашиот револуционер Гоце Делчев, го краси истоимениот струмички плоштад. Неговата реализација започнала во 1973-тата година по повод одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на Делчев, а завршила во 1976-тата. Погледнете како изгледало неговото поставување.

РЕПУБЛИКА: Сквернавен и цензуриран споменот за херојот Благој Мучето во Струмица

РЕПУБЛИКА: Народниот херој Благој Јанков – Мучето, кој на 14 јули 1944 година е предаден од домашни предавници, а потоа убиен од бугарската фашистичка полиција во центарот на Струмица, денес повторно е жртва на квислинзите. Неговото осквернавено спомен-обележје немо сведочи за незаинтересираноста на локалните власти за обновување на овој споменик на културата, но и гласно предупредува ...

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Откривање на спомен обележје на Видое Подгорец

Денес во ООУ „Видео Подгорец“ – Колешино беше откриено спомен обележјето на еден од најплодните македонски писатели за деца и возрасни – Видое Подгорец. Видео Подгорец е роден на 8 јуни 1934 година во струмичкото село Колешино. Во родното село завршил основно училиште, а во 1950 година завршил учителска школа во Штип. Подгорец спаѓа во редот на најпопуларните и најплодните македонски ...

ЕКСКЛУЗИВНО: Нов споменик ќе биде поставен во градскиот парк во Струмица!

Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата се слави секоја година на 1 април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1 Април не е национален празник, но секаде е признаен и се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на ...

Распишан е конкурс за спомен-обележје за загинатите пилоти

Општина Струмица распиша јавен конкурс за изработка на идеен проект за подигање на спомен – обележје на загинатите пилоти од хеликоптерската единица на МВР. Цел на конкурсот е да се дојде до избор на идејно решение на спомен – обележје (споменик) на загинатите пилоти од хеликоптерската единица на МВР, согласно идејно – естетските аспекти за подигање на спомен – обележјето, ...

Драги Мицев и пилотите кои загинаа во хеликоптерската несреќа ќе добијат спомен обележје во Струмица

На дваесет и третата седница на Советот на општина Струмица, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложи иницијатива да се направи спомен-обележје на настраданите пилоти од хеликоптерската несреќа што се случи во јули изминатата година. Предлогот беше прифатен и од советничката група на СДСМ. За иницијативата треба да се изготви предлог кој ќе биде ставен на гласање во Советот. Хеликоптерската ...

Струмица доби споменик на својот почесен граѓанин, фолк-легендата Гоце Арнаудов

Во присуство на голем број музичари, уметници, политичари, јавни личности, граѓани, роднини и пријатели, вечерва во малиот градски парк свечено беше отркиен споменикот на фолк легендата Гоце Арнаудов. Со звуците на неговата музика присутните во преполниот парк се пристетија на неговото творештво оставена во наследство. Споменикот кој од денес го краси овој дел од градот е дело на ...

Свеченото откривање на споменикот на Гоце Арнаудов закажано за понеделник

На 18 август  (понеделник) во 20:00 часот, ноќта спроти роденденот на македонската фолк легенда Гоце Арнаудов, во малиот Градски парк во Струмица, ќе биде откриен споменикот во негова чест. – Големите луѓе никогаш не умираат, нивната бесмртност останува за век и векови, а задачата за зачувување на нивната бессмртност ја имаме сите ние кои ја живееме сегашноста, еден од нив беше и Гоце ...