НАСКОРО: „ТРОШКИ НАДЕЖ“ – театарска претстава во изведба на учениците од гимназијата „Јане Сандански“

  Во тек се подготовките за претставата „Трошки надеж“ која изминативе месеци ја подготвуваат ученици од струмичката гимназија „Јане Сандански“. Сценариото за претставата го напиша ученичка од четврта година Викторија Панова, а во тоа и помогнаа и Моника Котева и Надица Трајкова под менторство на професорката по Драмска уметност Ѓургица Костадиновска. Претставата ќе биде изведена ...

УЧЕНИЦИ НА СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“-СТРУМИЦА СО НАГРАДИ СЕ ВРАТИЈА ОД „JUNIOR ACHIEVEMENT“

На 15.12.2017 се одржа еднодневниот Иновативен Камп-натпревар во претприемачки вештини во Скопје под покровителство на Junior Achievement, на кој учествува и нашето средно општинско училиште ,,Јане Сандански’’. Вкупно 140 средношколци од 28 средни училишта од земјава беа пријавени за еднодневниот Иновативен камп – натпревар во претприемачки вештини, а ученици од Струмица беа дел од трите победнички ...

Кошаркарскиот тим на СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ освои 1-во место на Општински натпревар

Вчера, по повод патронот на градот Струмица, Светите Петнаесет тивериополски свештеномаченици, во спортската сала на СОУ „Никола Карев“ – Струмица се одржа Општински натпревар во кошарка за средните училишта. На натпреварот учествуваше и Кошаркарската екипа на СОУ „Јане Сандански“ – Струмица која го осови првото место на натпреварот откако ги победи тимовите на СОУ „Никола ...

Делегација од училиштето на СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“-СТРУМИЦА на низа активности во Бугарија

Од 5 до 7 декември делегација од пет професори по Математика и десетина ученици – добитници на златни медали на натпреварот „Математика без граници“ предводени од директорката Невенка Стојанова престојуваа во градот Банско во Република Бугарија каде што зедоа учество во низа активности. Десет ученици од нашето училиште кои се добитници на златни медали од натпреварот „Математика ...

Прво и второ место на државниот натпревар по хемија за СОУ „Јане Сандански“

На државниот натпревар по хемија што се одржа на 14.05.2017 година во Скопје на ПМФ – Институт за хемија, ученичката Алма Усеин од II-4 клас го освои првото место. Како второнаградени се пласираа Клементина Бусева исто така од II-4 клас и Сања Василева од II-2 клас, сите под менторство на професорката Снежана Илиевска-Поповска. На претходно одржаниот општински натпревар Сања Василева беше првопласирана, ...

МАТУРАНТИ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ОД СТРУМИЦА ВО ПОСЕТА НА УТМС

Во функција на апликативно промовирање на предностите за студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје за упис на студенти во академската 2017-2018 година, матуранти од СОУ „Никола Карев”, СОУ „Јане Сандански” и СОУ „Димитар Влахов” од Струмица го посетија универзитетот при што остварија средби со деканите и професорите со кои разговараа за условите и можностите за студирање. ...

МАКСИМАЛНИ 100 ПОЕНИ за Најдобриот штанд оваа година на МАССУМ за СОУ „Јане Сандански“

На 21 и 22 април, 2017 година, во СЕПУГС “Васил Антевски Дрен” СКОПЈЕ се одржа младинската асоцијација на средни стручни училишта во Македонија. Во петок, на 21 април беа изложени штандовите на училиштата учесници, меѓу кои беше и штандот од училиштето „Јане Сандански“. Темата на штандот беше одберена врз основа на дилемите кои ги имаат младите луѓе во врска со нивната кариера и крстопатот ...

СОУ „Јане Сандански“ на пракса во Чачак за подобра работа на банката

Во меѓусебен договор меѓу двајцата директори на СОУ „Јане Сандански“ и средното економско училиште од Чачак, тројца наставници по практична настава Дијана Трајкова, Борис Атанасов и Весна Спасова се во посета сѐ со цел да се здобијат со искуство околу практично работење на неодамна отворената банка во нашето училиште. Соработката ќе продолжи со размена на ученици од банкарската ...

Одбојкарките од СОУ „ Јане Сандански “ први на регионално, продолжуваат на државно!

На регионалниот натпревар во одбојка за девојки, одржан на 29.03, зеде учество и нашето училиште. Натпреварот беше одржан во Штип, каде што одбојкарките беа прво место, а со тоа продолжуваат на државно ниво да се натпреваруваат во Куманово. Тимот го сочинуваа ученичките Мартина Владевска, Ана Нистрова, Ана Фасулева, Соња Тасева, Даниела Владевска, Ива Стојанова, Зорица Исирова, Верица ...

Многубројни награди на регионалниот натпревар по Биологија за СОУ „Јане Сандански“

На регионалниот натпревар одржан на 26.03 (сабота) во с.Богданци во ОСУ Богданци, учениците од СОУ „Јане Сандански“ значително се истакнаа со своите резултати. Од прва година учествуваа повеќе ученички, од кои: 1 место – Сања Василева 2 место – Верица Стоилкова 3 место – Ангела Хаџи Котарова 4 место – Костадинка Митрова 5 место – Марта Митева Исто така учество земаа ученици и од другите ...