(ФОТО) СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-ДАБИЛЕ, ИМА И ПОВРЕДЕНИ!

Околу 22:00 часот синоќа на патот Струмица-Дабиле или поточно кај бензинската станица  на „Лукоил“ се случи сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотор. Како што не информираа очевидците има и повредени бидејќи пристигнала и брзата помош а веднаш потоа пред болницата се собрало и народ. Повеќе детални информации очекуваме во текот утрешниот ден.  

Сообраќајна несреќа на 7 автомобили, повеќе од 15 повредени на патот Струмица-Радовиш!

Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица-Радовиш се случи вечерва околу 19:00 часот.Повеќе од 15 повредени.6 Автомобили  и едно товарно возило.Сообраќајната несреќа  ја предизвикало возилото со марка BMW раскажуваат очевидци.Нема загинати, но има повеќе од 15 повредени пренесува КОНТРАСТАВ.

ФОТО: КОМБЕ СО СТРУМИЧКИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ СЕ ПРЕВРТЕ НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ СТРУМИЦА-ШТИП

Пред 40 минути на регионалниот пат Струмица-Штип, комбе со струмички регистарски таблички се преврте. Како што велат очевидците кои и ни ја испратија фотографијата несреќата настанала поради лизгавоста на патот. Засега немаме информации дали има повредени. Сообраќајот накратко беше во прекин. Полицијата веднаш пристигна на местото на несреќата и врши увид на истата. Со подетални ...

Донирајте за семејството Доневи кое настрада во сообраќајна несреќа во САД

На следниот линк https://www.gofundme.com/tsbccs-medical-and-funeral-expenses може да се донираат финансии за настраданото македонско семејство во САД. Како што стои во објавата семејството се соочува во високи медицински трошоци за повредените, но и трошоци за транспорт на телото на Виолета Донева и погреб кој треба да се одржи во Илиноис. Потребно е да се соберат 100.000 долари. Досега донирале околу 200 лица. Во ...

Струмичанка загина во сообраќајна несреќа во Америка. Повредени нејзиниот сопруг и три малолетни деца

Во собраќајна несреќа која се случи во државата Тенеси, Сад, настрада петчлено струмичко семејство кое живее во Чикаго, дознава СтрумицаДенес.Полицијата во Тенеси информира дека еден жена го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопатот 65 во Маршал Кантри во близината на Нешвил. Како што информира полицијата од Тенеси несреќата се случила во четрврток попладне, а автомобилот ...

СТРУМИЧАНЕЦ УЧЕСНИК ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА – ЕДНА ДЕВОЈКА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА!

   Дваесетгодишна девојка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во 3 часот и 55 минути на регионалниот пат Штип – Радовиш кај чешмата во непосредна близина на винарската визба „Имако“. Станува збор за М.Д. од Штип, која се здобила со фрактура на втор вратен пршлен и поради сериозноста на повредите веднаш била пренесена во Штипската ...

Во сообраќајка кај Куклиш загина пешак, возачот избегал

На регионалниот пат Струмица-село Банско, на излез од село Куклиш, вчера се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина А.А. (72).  Непознато возило управувано од засега непознат возач удрило во пешакот од Куклиш, кој од здобиените повреди починал, а возачот избегал. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Струмица, а по наредба на јавен обвинител, телото ...

Сообраќајка на патот Валандово – Струмица

Патот Валандово – Струмица беше во прекин поради сообраќајна несреќа што се случила утрово во 07:40 часот на влез на селото Раброво, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. Со повеќе детали ќе ве известиме во текот на денешниот ден. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по суви коловози.

(ФОТО) Сообраќајна несреќа во Струмица – прегазен пешак

Претпладнево на Булевар „Гоце Делчев“ непосредно пред Мега Маркет – Киси Трејд се случи сообраќајна несреќа. Според очевидците неофицијално бил прегазен пешак. Во текот на денешниот ден очекуваме официјални информации од СВР-СТРУМИЦА.      

МВР со детални информации за страшната сообраќајна несреќа вчера кај Василево

На 10.05.2017 година во периодот од 11.20-15.45 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Василево, сообраќајот бил пренасочен поради случена сообраќајна незгода. Во незгодата, која се случила на 10.05.2017 година во 11.00 часот на наведениот патен правец, учествувале ПМВ ,,Мерцедес МЛ 350‘‘ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.К. (64), ПМВ ,,Рено Меган Ксеник‘‘ со штипски ...