Младите струмички таленти настапија на Опен Фест

Младите струмички таленти и синоќа како вистински домаќини ги забавуваа своите сограѓани. Вокалните и инструменталните способности на нашите таленти беа како предговор за големите имиња што следуваа. А нашите млади струмички ѕвезди се докажаа како вистински професионалци.

DJ Mossel неуморен до раните утрински часови!

Синоќешната забава на струмичкиот плоштад продолжи со DJ Mossel. Од 2008 година Мossel e DJ продуцент којшто преку различни музички жанрови креира уникатен звук за публиката. Младиот изведувач доаѓа од соседна Грција, а неговите настапи се надалеку познати на Балканот. Атмосферата кулминираше и траеше долго по полноќ, а публиката уживаше во добра електронска музика.

Данијела Мартиновиќ: Благодарам Струмица, ќе го паметам овој настап

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ синоќа на струмичани им ги испеја своите безвременски хитови. Од балади, до малку поразиграни хитови, публиката уживаше подеднакво. Данијела истакна дека ова е еден од најдобрите настапи во животот и дека долго ќе го памети. Ѝ се заблагодари на прекрасната публика – како што самата таа ја нарече.  

Струмичани му го честитаа роденденот на Слаткар, а тој им приреди одлична забава

Синоќа на големата ОПЕН Фест сцена струмичани лудуваа на настапот на Слаткар. Слаткар донесе специјални гости со кои го збогати својот репертоар – Газда Паја, Бобо и Уска Кан. Газда Паја ја размрда публиката со неговиот стар хит „Чке Београдске“, а бугарскиот рапер Бобо со препознатливата „Дим да ме њама“. Настапот на Слаткар беше како вистински концерт. По исполнувањето на ...

Трајче Ѓоргиев повторно блесна на ОПЕН Фест

Трајче Ѓоргиев и вечерва блесна струмичката сцена. Трајче и официјално ги отвори трите главни вечери од овој фестивал. Неговиот настап ги загреа струмичани за големите и звучни имиња кои ќе настапуваат во најубавите три дена од ова лето. Младешкиот дух донесе енергија и ведрина меѓу струмичани. Публиката и вечерва уживаше и пееше заедно со Трајче.

Млади струмички таленти на големата ОПЕН Фест сцена!

Младите струмички таленти од СОУ „Јане Сандански“ му даваат специјален шмек на Струмица Опен Фестивалот. Вечерва Ивана Гушева, Ангела Илиева, Слободанка Гражданлиева, Ана Цамбулева и Магдалена Стојанова настапуваат во 21:00 часот на големата ОПЕН фест сцена. Бидете дел од забавата.

ФОТО: Како изгледа струмичкиот плоштад во моментов?

Ги одбројуваме часовите до големото отворање на ОПЕН Фестивалот што ќе се случи вечерва. Подготовките се во полн ек, шанковите се на место, ќе се точи пиво и ќе се ужива со ритамот на најпопуларните хитови. Струмичкиот плоштад се подготвува за најдобрата журка што нè очекува.

ВИДЕО: Трајче Ѓоргиев зборува за отворањето на Струмица Опен Фестивал

Денес во 12:00 часот во Младинскиот совет Трајче Ѓоргиев зборуваше за својот настап по повод големото отворање на ОПЕН Фест сцената. За него тоа претставува огромна чест. Исто така тој упати апел до струмичани да присуствуваат и да се забавуваат. Погледнете ја изјавата на Трајче:    

Данијела Мартиновиќ доаѓа во Струмица!

Познатата хрватска пејачка Данијела Мартиновиќ вечерва ќе настапи на големата Опенфестовска сцена. Данијела Мартиновиќ беше дел од групата Магазин, а потоа продолжи со соло кариера. Нејзините најпознати хитови “Da je slađe zaspati”, “Zovem te ja”, “Neka mi ne svane”, “Dobro je”, “Pleši sa mnom”, “Ovako ne mogu dalje”, “Brodolom” вечерва ќе одекнуваат во Струмица. Да се потсетиме на нејзините ...